„Кога зборот станува мелодија, тогаш знакот станува танц“ - новиот видео спот на DS Collective

„Кога зборот станува мелодија тогаш знакот станува танц“ е мотото на новиот видео спот на DS Collective за темата „Свет“ која е во соработка со Alex V.

koga-zborot-stanuva-melodija-togas-znakot-stanuva-tanc-noviot-video-spot-na-ds-collective-01.jpg

„Кореографијата во видеото впрочем е инспирирана од знаковниот јазик преку која сакавме накратко да влеземе во кожите на оние кои ‘слушаат со очите’. Барем на момент да почувствуваме дека зборовите за ушите се истото она што и знаците за очите“ - велат од DS Collective.

„Во процесот на креирање тргнавме многу спонтано, сакавме да дадеме некоја друга тежина на видеото, да пренесеме порака, а сепак да биде различно од она што сме го работеле и претходно. Кога се одлучивме да биде видео со танц, тогаш зошто да не излеземе од комфор зоната, се обидовме и ние да научиме по нешто, текстот на песната го преточивме во знаковен јазик, а потоа во танц, сметаме дека е важно да ја пренесеме емоцијата што пошироко, уметноста сепак нема граници" - вели Стефан Сајковски - DS Collective.

Кореографијата e дело на Јована Зајкова која ја има и главната улога во видеото, додека целокупната видео реализација е дело на Бобан Костовски и The Media (помогнато од Томислав Живковиќ.)

koga-zborot-stanuva-melodija-togas-znakot-stanuva-tanc-noviot-video-spot-na-ds-collective-02.jpg

Имено, Стефан пред неколку месеци го промовираше својот деби албум со 13 песни под насловот „Јас сум,ние сме“, а темата „Свет“ е дел од истиот.

Албумот е достапен на сите онлајн платформи Јутуб, Спотифај, Дизер и др.

Во продолжение, видео спотот за „Свет“:

Би можело да ве интересира:

„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...

Најчитани неделава