Најпопуларните божиќни песни што ќе ви го подобрат расположението во празничната сезона

All I Want For Christmas Is You, односно божиќната химна на Мараја Кери, како и Last Christmas од Wham! со години, па и со децении важат за едни од најдобрите празнични песни. Кои други песни ќе ви помогнат да ја почувствувате празничната магија?

praznicni-pesni-sto-ke-vi-go-podignat-raspolozenieto-01.jpg

Празничните песни ѝ даваат посебна магија на оваа сезона. Затоа, за вас избравме неколку популарни, но и жанровски различни, песни што ќе ви го подигнат расположението.

Дел од најпопуларните божиќни песни што никогаш нема да ја изгубат својата магија:

Jingle Bells - Ела Фицџералд

Оваа весела песна е можеби најпозната американска песна во целиот свет. Додека голем дел музичари ја пееле истата, Ела ѝ дава посебен осврт на оваа музичка класика.

Let It Snow! Let It Snow! Let It Snow! – Френк Синатра

Интересно е што песната била напишана од двајца музичари од Калифорнија, инспирирана од исклучително топол бран што го зафатил тој дел од Америка.

Така, на почетокот песната не се врзувала за празниците, но подоцна станала омилена песна за време на Божиќ и Нова година, благодарение делумно на симпатичниот Синатра.

Have Yourself a Merry Little Christmas – Џуди Гарланд

За разлика од другите, претежно игриви мелодии за празници, тука преовладува носталгичен тон.

Песната за првпат се појави во филмот Meet Me in St. Louis.

Happy Xmas (War Is Over) – Џон Ленон и Јоко Оно

Како и поголемиот дел од музиката што ја правел Ленон, и оваа песна носи подлабока порака.

Всушност, песната го претставува протестот против војната во Виетнам, а зборовите јасно говорат за толеранција и еднаквост меѓу луѓето.

All I Want For Christmas Is You - Мараја Кери

Многумина за време на празниците сонуваат за подароци и украсување на елката, но сè што сака Мараја е љубов.

Ако сте во слична позиција, слободно препуштете се во прегратка на некој близок со мелодијата на песната.

Last Christmas – Wham!

Заразната мелодија и привлечниот глас на Џорџ Мајкл ја направија оваа песна светски хит, иако љубовната приказна нема особено среќен крај.

Happy New Year – ABBA

Невообичаено меланхоличната песна на популарниот бенд е добро да се слуша по забавата, на 1-ви јануари, кога сите гости полека ќе си заминат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Д’римерс со нова песна: Слушнете ја „Ова не е крај” Д'римерс ја објавија нивната петта песна „Ова не е крај". Како што беше најавено...
Нели и Кели со „Дилема“ – Хитови од 2002 кои полнат 20 години Ако сте некој растен во 90-тите и почетокот на 2000-тите тогаш сигурно ќе се сеќ...
Најголемите летни хитчиња на кои си ја „трескавме“ главата пред 20 години Се сеќавате ли каде бевте летото 2002 година? Местата каде што излегувавте или к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg