Објавена е YOU, песната со која Васил Гарванлиев ќе нѐ претстави на Евровизија 2020 (видео)

По краткиот тизер од песната и нетрпението на фановите, Васил конечно ја објави песната со која ќе ја претстави нашата земја на Евровизија.

vasil-garvanliev-ja-objavi-you-pesnata-so-koja-kje-n-pretstavi-na-evrovizija-2020-video-1.jpg

На Денот на вљубените, Васил го откри името на песната со која ќе нè претстави, а денес, на Денот на жената тој ја објави целосно песната YOU.

Тој долго ги држеше сите во исчекување и со нетрпение очекувавме да ја слушнеме претставничката нумера.

vasil-garvanliev-ja-objavi-you-pesnata-so-koja-kje-n-pretstavi-na-evrovizija-2020-video-02.jpg

Денес премиерно, Васил Гарванлиев ја претстави долгоочекуваната песна YOU, dance хит кој ќе ви влезе во глава и ќе си го потпевнувате без престан. 

За песната, Гарванлиев вели дека иако сите очекувале драматична балада, тој се одлучил за модерна поп песна со македонски печат, кој ќе соодветствува на неговиот сензибилитет. 

Во видео спотот тој ги истакнува неговите танцувачки способности, заедно со Милена Витман, а песната звучи навистина светски. 

Слушнете ја песната со која Васил ќе се претстави во Ротердам во мај:

За потсетување, Гарванлиев беше дел од пратечките вокали на Тамара минатата година на Евровизија и во едно сме сигурни – ќе „растури“ и оваа година.

За сите кои не се запознаени со талентираниот пејач, прочитајте - што треба да знаете за нашиот претставник на Евровизија?

М. М. | | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Музички проект со регионални амбиции: Тамара Волческа и Јасмин Алиевски го претставија „Балкански ре... Летото секогаш носи нови хитови, но само мал број песни уште од првото слушање у...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава