Без грижи – Васил Гарванлиев пее, „растура“ – што треба да знаете за нашиот претставник на Евровизија?

И еве сме повторно пред евровизиските дебати и „препукувања“. Кој ќе оди, зошто ќе оди, што има да одиме на Евровизија, со чии пари ќе оди, зошто го одбрале него?

bez-grizi-vasil-garvanliev-pee-rastura-sto-treba-da-znaete-za-nasiot-pretstavnik-na-evrovizija-01.jpg

Вчера беше објавен нашиот претставник на овогодинешната Евровизија во Холандија – Васил Гарванлиев.

Македонска работа, па сите веднаш почнаа со коментари од различен тип – од пофалби, до навредливи и несоодветни дискусии за човекот кој оваа година ќе ја има честа да нè претставува пред Европа и светот.

Многумина прашуваа кој е Васил, од каде баш тој, знае ли да пее... па затоа решивме да ве запознаеме подобро со неколку факти за дечкото со магичен глас.

Важно е да сте сигурни во едно – да, Васил знае да пее, без грижа. И тоа не пее, туку „растура“.

Васил е роден во 1984 година во Струмица.

Децата родени во 80-тите години со сигурност го паметат како детето кое ја испеа популарната „Марионка“ на Златно Славејче во 1994-та година.

https://www.youtube.com/watch?v=7Y4QPBDKRwE

На 12 години со своето семејство заминува за САД каде станува солист во детскиот хор во Чикаго.

Своето образование од областа на соло пеењето и операта го стекнува во неколку светски музички образовни институции меѓу кои – „Lyric Academy“ во Милано и „Opera School“ на Универзитетот во Торонто, Канада.

Во Торонто ја започнува својата оперска кариера, прво како ученик во Glenn Gould School of the Royal Conservatory of Music, а потоа потпишува договор со светски познатата агенција IMG Artists.

Има испеано повеќе од 50 главни оперски улоги (соло и рецитали) меѓу кои Дон Џовани, Фигаро и Лепорело.

https://www.youtube.com/watch?v=xNKyJ5MzxTQ

Во 2018-та година Васил реши да се врати и да живее повторно во Македонија, посветувајќи се на автентична македонска музика. Тој ги сними песните Ѓердан, Патувам и Мојата Улица.  

Васил беше дел од тимот на Евровизија минатата година, како придружен вокал на Тамара.

Имавме можност и да го запознаеме - ни беше на гости во CRNOBELO.com, со останатите придружни вокали.

Која песна ќе ја пее Гарванлиев, не се знае, бидејќи истата ќе се избере на конкурс што наскоро ќе го објави МРТВ.

Едно сме сигурни - Васил ќе звучи фантастично, но се надеваме дека ќе му направат и соодветна песна со која ќе „грми“ на евровизиската сцена.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
12-годишната Дарија од Србија е чудо од дете - издоминира во „Пинкови ѕвезди“, Карлеуша воодушевена ... „Кукла... Браво!“, „Шоу“ се дел од коментарите на жирито за девојчето што го воо...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...
Меѓу соништата и тишината: ДААН со нова емотивна поп балада – „Сам во моите сни“ Македонскиот пејач и автор Дарко Андонов ДААН ја претставува својата најнов...

Најчитани неделава