Како звучи евровизиската YOU во живо - Васил Гарванлиев ни запеа во CRNOBELO.com (видео)

Васил Гарванлиев ни беше на гости во редакција и докажа дека ќе „грми“ со YOU на евровизиската сцена во Ротердам во мај.

vasil-garvanliev-ja-zapea-evroviziskata-pesna-vo-crnobelo-com-video-01.jpg

На 8-ми март, Васил Гарванлиев, ја објави песната со која ќе нè претстави на Евровизија 2020. Евровизиската YOU звучи светски, a сепак има македонски печат. 

Иако сите очекувавме драматична балада во која Васил ќе ги покаже максимално вокалните способности, сепак тој се одлучи за dance хит, но денес ни докажа дека нема потреба да се грижиме - тој ќе „грми“ на евровизиската сцена. 

Тој ни беше гостин во редакција и запеа дел од рефренот, со што докажа дека неговиот глас во живо ќе звучи многу помоќно отколку на снимка. 

Во исчекување на целосното интервју со Васил Гарванлиев на CRNOBELO.com, слушнете како звучи YOU во живо:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Горан Тонев, преживеаниот гитарист од ДНК, објави песна снимена пред трагедијата: „Не бев подготвен ... „Песната ја снимивме само неколку дена пред да се промени сè... Остана необјавен...
Дац и Александар со нова песна „4 страни“, по две години пауза По речиси две години пауза од нивната последна песна, популарното дуо Дац и Алек...
Антониа и Благица Павловска ја препеаја легендарната „Чукај, чукај“ - сопругот на Гиговска специјале... „Гушкајте се, простувајте, смејте се повеќе… додека срцето чука - имаме сè. „Чук...

Најчитани неделава