За сонувачи и креативци – биди дел во креирање на светот на Д Фестивал 2020

Годинава, најголемата фестивалска авантура кај нас, Д Фестивал, го слави својот 10-ти роденден и има само една и единствена желба: да биде почестен со вашата креативност.

FotoJetglavna

Идејата е едноставна. Фестивалот заедно со сите сонувачи и креативци сака да создаде најрадосни и најпозитивни спомени во магичниот Дојран, со многу уметност и иновативност.

Фестивалскиот камп не е место само за одмор и преспивање, туку тоа е една инспиративна зона исполнета со разни уметнички правци и точки. Сите оние кои сакаат да го разубават просторот можат да се пријават со своја идеја за Арт Инсталација.

Во случај ако сакаш да ја збогатиш музичката програма, пријависти се да настапиш на Д Фестивал

За оние кои сакаат да водат конструктивна дискусија или кул работилница, оние кои сакаат да го споделат своето знаење со други, како индивидуалци или невладини организации пријавете се во Креираj го ПлоштАрт.

Ако црташ одлични илустрации или имаш свој моден бренд, ПлоштАрт Маркет е совршено место за тебе да го покажеш пред другите она што најдобро го правиш.

Веројатно постојат и такви поединци на кои лесно им оди да ги забавуваат луѓето, ако ти си еден од нив аплицирај го својот Уметнички Перформанс и биди дел од светот на Д Фестивал.

FotoJet11

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
12-годишната Дарија од Србија е чудо од дете - издоминира во „Пинкови ѕвезди“, Карлеуша воодушевена ... „Кукла... Браво!“, „Шоу“ се дел од коментарите на жирито за девојчето што го воо...
Лара Иванова најавува нова песна и поинаков визуелен имиџ кој носи свежа енергија Лара наскоро ќе ја промовира својата најнова песна со видео запис во модерен виз...
Нова песна од Александар Тарабунов - „Љубов“ е вуклан од емоции и сведоштво за зрелоста на еден авто... Во време кога искреноста ретко ја среќаваме во музиката Александар Тарабуно...
Филип Николовски уште еднаш покажа дека „нема лоша судбина, ако песната другар ти е“ во - „Срце ми е... Се сеќавате ли на моментот кога на последниот голем концерт на групата „Меморија...

Најчитани неделава