Со љубов од Италија и Македонија – Дац и Александар пеат со нашиот тенор Благој Нацоски од Џенова (видео)

Музичка прегратка во време на корона - Дац и Александар од домовите во Скопје заедно со нашиот тенор, Благој Нацоски од домот во Џенова, стоплија многу срца со емотивна македонско-италијанска преработка на хит песната „Уште ми фалиш“.

so-ljubov-od-italija-i-makedonija-dac-i-aleksandar-peat-so-nashiot-tenor-blagoj-nacoski-od-djenova-video-01.jpg

Нашиот оперски пејач, Благој Нацоски од Скопје, кој живее и работи во Џенова, Италија, постојано упатува пораки до неговите фанови на социјалните мрежи и со музика се обидува да го разубави секојдневието на луѓето во овие тешки моменти низ кои минува светот.

Александар и Дац, пак, не престанаа да ја забавуваат публиката во овие времиња и преку Фејсбук видеа во живо им го разубавуваат времето поминато дома на нивните фанови.

Тие пеат љубовни песни во полициски час, а најновата соработка со нашиот тенор, Благој, виртуелно стопли многу срца.

Тие од удобноста на своите домови ја отпеаја нивната хит песна „Уште ми фалиш“, а потоа заедно со Благој продолжија со италијанска верзија.

Сега е време сите да бидеме сплотени, а најдобриот начин е преку музика и љубов.

„Сега кога светот боледува и сите граници се затворени, ние решивме со песна да ги отвориме ? За песната и љубовта не постојат граници! Праќаме музичка порака на солидарност, помош и љубов со италијанскиот народ и сите во светот. Заедно со тенорот Благој Нацоски од Џенова, Италија и Александар и Дац со интерпретација од Скопје. Споделувајте љубов ??? “ – стои во објавата на Дац и Александар.

Со порака „останете дома“, Александар, Дац и Благој ви праќаат музичка прегратка со прекрасна соработка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Нова песна од Александар Тарабунов - „Љубов“ е вуклан од емоции и сведоштво за зрелоста на еден авто... Во време кога искреноста ретко ја среќаваме во музиката Александар Тарабуно...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...

Најчитани неделава