Евровизија е откажана, но се организира алтернативно шоу – Следете во живо вечерва (видео)

Иако овогодинешниот Избор за песна за Евровизија е откажан заради пандемијата, сепак се организира алтернативно шоу Eurovision: Europe Shine A Light.

evrovizija-e-otkazhana-no-se-organizira-alternativno-shou-sledete-vo-zhivo-vecherva-video-01.jpg

Шоуто се емитува вечерва во живо, кога требаше да биде официјалната финална вечер.

Ова шоу нема да биде со натпреварувачки карактер како вообичаено, но ќе имаме можност да ги погледнеме сите учесници кои требаше да бидат дел од Евровизија оваа година, избраните песни ќе се емитуваат во 30 секунди исто како и видео разгледниците кои беа снимени.

Нашиот овогодишен претставник требаше да биде Васил Гарванлиев со песната YOU.

Распространети низ сите делови од Европа, учесниците ќе упатат порака до светот, но и ќе ги запеат стиховите од победничкиот евровизиски хит од 1997-ма - Love Shine A Light, од Katrina And The Waves.

evrovizija-e-otkazhana-no-se-organizira-alternativno-shou-sledete-vo-zhivo-vecherva-video-02.jpg

Покрај учесниците што требаше да бидат дел од Евровизија оваа година, ќе имаме можност да ги слушнеме и минатогодишните изведувачи, помеѓу кои ќе биде и Марија Шерифоивиќ со песната „Молитва“.

Евровизиското шоу може да го следите на МРТ во 21 часот или на следниот линк во истото време:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дорис Ди (16) ја промовираше песната „ Земјо моја“ и ја посвети на сите Македонци кои живеат далеку ... Младата пејачка со моќен глас Дорис Ди (16) ја промовираше новата песна „ Земјо ...
Антониа и Благица Павловска ја препеаја легендарната „Чукај, чукај“ - сопругот на Гиговска специјале... „Гушкајте се, простувајте, смејте се повеќе… додека срцето чука - имаме сè. „Чук...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“ - кутија со два алб... По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“...
Бугарската претставничка победи на Евровизија 2026 – Израел на второ место Вечерва во Виена се одржа 70-тото издание на Евровизија, а победник е претставни...
Прават 3D концерти, обвиени се со мистерија: Факти за KRAFTWERK, пионерите на електронската музика к... Секој концерт на KRAFTWERK е надреален спектакл, неретко со 3D ефекти за кои тре...

Најчитани неделава