Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Bohemian Rhapsody на Queen слави 45 години од издавањето – што значат изразите скарамуш, фанданго и бисмилах во песната?

Bohemian Rhapsody е најпознатата и најпродаваната песна на групата Queen. Песната е напишана од Фреди Меркјури во 1975 година за албумот „A Night at the Opera“.

Bohemian-Rhapsody-na-Queen-slavi-45-godini-od-izdavanjeto-01.jpg

Замислена е како класична нумера составена од повеќе делови без рефрен: интро, дел којшто е балада, оперски преод, хардрок дел и кода којашто ја завршува нумерата со рефлексија.

Песната била продадена во преку милион копии до крајот на годината, а издавачката куќа EMI Records сметала дека не треба да биде сингл, бидејќи била предолга за да се пушта на радио.

За среќа, Фреди не се согласил со ова и ја дал песната на свој пријател кој работел како диџеј во радио којшто ја пуштил 10 пати во текот на еден викенд и слушателите ја обожувале.

Нема кој не ја знае песната, но не сите знаат што значи текстот на истата:

Зошто се вика Боемска Рапсодија?

Затоа што го доловува животот на еден боем којшто во изворна смисла на зборот е „уметник“, а рапсодија, затоа што тоа е фантазија којашто се одвива во неговата глава, како еден вид на визија. Во песната, всушност, Фреди Меркјури симболично го прикажува сопствениот живот.

Koj e Beelzebub?

Во текстот на песната, младиот човек кажува како убил некого и дека Белзебуб одредил ѓавол за него. Белзебуб е еден од демоните на пеколот, односно кралот на мувите.

Што е Scaramouch?

Скарамуш е најчесто кловн од италијанската комедија дел Арте којшто се појавува во делата како горделив кукавица.

Што е Fandango?

Фанданго е брз шпански танц којшто се прашуваат дали ќе го изведе Скарамуш. Во песната може и да се сфати како еуфемизам за обесен човек.

Дали се мисли на Галилео Галилеј?

Најверојатно не. Клучот е целата фраза Galileo Figaro Magnifico, односно, точно е Galileo figure magnifico и се однесува на Исус којшто бил нарекуван Галилео во антички Рим.

Имено, за да излезе авторот од демонскиот кошмар, мора да му се обрати на Исус за помош. Но, момчето не верува дека некој се грижи за него и затоа следува текстот „никој не ме сака“.

Што значи Bismillah?

Ова е буквално „во името на Алах“. Значи Фреди постојано се обидува да најде излез од пеколот во којшто се наоѓа.

Според Тим Рајс, кокреаторот на Jesus Christ Superstar и Evita, а исто така и соработник на Меркјури, делото „Боемска Рапсодија“ е всушност песна за тешкотиите коишто ги имал Фреди кога требало да каже дека всушност е хомосексуалец.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...
„Илузија“ – новата песна на ДААН што го истражува светот на емоциите, заблудите и потрагата по висти... Македонскиот музички артист, текстописец и продуцент Дарко Андонов – ДААН п...
Антониа Гиговска го промовираше спотот за песната „Аман“ - Бели веѓи, кадри во пустина и на плажа во... За спотот Антониа смени неколку аутфити, снимаше на неколку локации во Египет, а...
„За сите драги луѓе кои веќе не се со нас“ - Тамара и Стефан Лазаров ја промовираа песната „Патишта“ „Имам чувство дека добро ќе се исплачам... Браво и едвај чекам да ја слушнам“ - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg