„Ја изгубив мајка ми пред 20 години“ – Македонка го воодушеви и расплака жирито на Malta's Got Talent

„Ја изгубив мајка ми пред 20 години, па овие песни се разговорите со неа“, беше изјавата на Деница која предизвика солзи кај жирито.

ja-izgubiv-majka-mi-pred-20-godini-makedonka-go-voodushevi-i-rasplaka-zhirito-na-malta-s-got-talent-01.jpg

Деница Апостоловска има 32 години и на настапот во музичкото натпреварување Malta's Got Talent гордо кажа дека е Македонка.

Таа вели дека пред 5 години само го земала нејзиниот ранец и одлучила да ја истражи Малта, но земјата ѝ се допаднала многу и останала да живее таму.

Скромна и природна со неверојатен музички талент, таа настапот ѝ го посвети на својата мајка, која починала пред 20 години.

Деница откри дека нејзиниот настап се вика „Разговори со мојата мајка“ и е комбинација од неколку песни од кои првата „Angels“ од Роби Вилијамс. Токму тоа предизвика солзи кај една членка од жирито која исто така ја изгубила мајка си.

ja-izgubiv-majka-mi-pred-20-godini-makedonka-go-voodushevi-i-rasplaka-zhirito-na-malta-s-got-talent-02.jpg

„Свириш со таква страст на гитарата, многу ми се допадна тоа“, беше еден од коментарите на членовите од жирито. „Родена си да пееш“, продолжуваа пофалбите.

Деница без проблем доби „да“ од сите членови на жирито.

Погледнете го нејзиниот настап:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ај Кју со нова песна и спот снимен во Лондон - Слушнете ја „До тебе“ Бојан и Марија од Ај Кју по успешната преработка на „Молитва“ ни ја претставуваа...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Лозано, скриен под маска на карневалот во Венеција, сними спот за новата песна „Маскенбал“ (видео) Облечен во костум како во времето на Казанова, Лозано шета низ плоштадот Сан Мар...
„Метро“ нова песна на Young Dadi и најава на албумот „SCORPIUS“ Деновиве излезе нова песна од Young Dadi, насловена „Метро“ која го најавува прв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg