Првиот сингл од новиот албум „The Creation“ на „Intelligent Music Project“ – I know, пуштен во етерот

25-ти Јануари 2021 година, се одржа светска премиера на песната I know – Јас знам, од претстојниот албум - The Creation, на групата Intelligent Music Project, на повеќе радио станици во нашата земја.

prviot-singl-od-noviot-album-the-creation-na-intelligent-music-project-i-know-pushten-vo-eterot01.jpg

За I know, се спрема и атрактивен видео запис, во кој учествуваат не само суперarвездата на групата Рони Ромеро, туку и неговата вереница - романската убавица Корина Минда. Приказната на видеото вклучува брзи автомобили, брканици и љубовна приказна.

Видео спотот за новиот хард рок сингл на Intelligent Music Project, ќе биде објавен на 28-ми овој месец, на Youtube и на Facebook. Песната ветува дека ќе биде еден од најдобрите хитови од претстојниот албум на бендот.

„Дефинитивно ја чувствувам оваа песна како моја омилена од новиот албум. Тоа е вистинска хард рок песна со елементи на мојата претходна група Rainbow. Исто така е многу позитивнa и носи добро расположение “, вели Рони Ромеро.

Авторот на музиката и текстот на I know, е творец и продуцент на бендот - бугарскиот бизнисмен, филантроп, патрон на уметноста и исто така доктор по медицина Милен Врабевски.

prviot-singl-od-noviot-album-the-creation-na-intelligent-music-project-i-know-pushten-vo-eterot-02.jpg

„Оваа песна е специјално напишана за Рони Ромеро. Се инспирирав од енергијата на неговиот неверојатен глас. Делот е за бегство од страв и постојано двоумење. Пораката на песната е да биде корисна и ефикасна, правејќи постојано чекори напред во наоѓање нови и понови начини да им служите на вашите другари.

Целите во животот го прават значаен и ве буди.

Освен ѕвездата на Rainbow, Рони Ромеро и останатите одлични бугарски музичари, има уште еден светски познат музичар кој учествува во I know - тапанарот на групата Styx - Тод Сакерман.

„Беше навистина забавно да се свири I know, затоа што е малку хеви метал, има многу дупли бас... има и навистина добра мелодија – изјави Сакерман.

prviot-singl-od-noviot-album-the-creation-na-intelligent-music-project-i-know-pushten-vo-eterot03.jpg

Новиот албум на Intelligent Music Project - The Creation се очекува да биде официјално објавен на крајот на март. Албумот е посветен на креативните пристапи кои се клучот за успехот во живот.

Следејќи го примерот на претходните 5 албуми на бендот, во новиот повторно ќе учествуваат светски познати музичари како Рони Ромеро (Rainbow), Џон Пејн (Asia), Карл Сененс (Nazareth) и Ричард Грисман (River Hounds). Новиот состав има и двајца неверојатни тапанари - Тод Сакерман (Styx) и легендарниот Боби Рондинели (Rainbow, Black Sabbath).

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава