„Someone Like You“ на Адел „наполни“ 10 години – дали е сè уште вашата омилена, љубовна песна?

Песната веќе има култен статус и покрај тоа што наполни „само“ 10 години. Помина точно една деценија откако светот ја слушна Someone Like You

Someone-Like-You-na-Adel-napolni-1o-godini-01.jpg

Песната има над милијарда и пол прегледи на YouTube и е еден од хитовите кои ја однесоа кариерата на Адел на уште повисоко ниво.

Someone Like You е последната песна од албумот „21“, вториот студиски албум на Адел.

Напишана е од неа и Ден Вилсон, инспирирана од љубовно разочарување, односно лошо раскинување. Адел ги напишала првите акорди и дел од текстот на својата акустична гитара откако ја раскинала врската со тогашното 30-годишно момче за коешто мислела дека ќе се омажи.

Спотот за песната е снимен во Париз, а песната е прогласена за најпродаван сингл за 2011 година во Велика Британија, останувајќи цели 5 недели на врвот на топ-листите по премиерата.

Слушнете ја неверојатната изведба во живо од Ројал Алберт Хол:

Албумот „21“, покрај Someone Like You, понуди и други неверојатни хитови како Rolling in the Deep, Turning Tables, Set Fire to the Rain и Don’t You Remember.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...

Најчитани неделава