Eвровизиски времеплов: Македонските претставници од 1996 година, па сѐ до денес – кој е вашиот фаворит?!

Без разлика дали сме љубители на овој тип на музички натпревари, ќе признаеме дека Евровизија барем одреден дел од нашите животи беше асоцијација за добра забава.

Evroviziski-vremeplov-Makedonskite-pretstavnici-od-1996-ta-pa-se-do-denes-koj-e-vashiot-favorit 01 630x330.jpgФото извор Тоше Проески / Фото извор XXL

Собирите за полуфиналната и финалната вечер со семејствата и пријателите беа задолжителни, како и неуморното докажување во врска со песните, односно која од нив ќе освои повисок пласман.

Имено, Македонија самостојно за првпат учествува на Евровизија во 1996-та година, а вкупно досега учествувала цели 20 пати.

За огромна жал, неколку од нашите досегашни претставници прерано нѐ напуштија. Нашите незаборавени Тоше, Влатко Илиевски и Есма продолжија да нѐ гледаат од ѕвезденото, музичко небо. 

Највисок евровизиски пласман досега обележа Тамара Тодевска, во 2019-та година, односно таа го освои седмото место во целокупниот пласман, а првото место од гласовите на жирито.

Веднаш зад неа е Елена Ристеска, која во 2006-та година го освои дванаесетото место.

Во продолжение за вас ги издвојуваме сите наши евровизиски композиции, од 1996-та година, па сѐ до ден-денес:

Калиопи – „Само ти“, 1996 година

Владо Јаневски – „Не зори, зоро“, 1998 година

XXL – „100% те љубам“, 2000 година

Каролина Гочева – „Од нас зависи“, 2002 година

Тоше Проески – „Life“, 2004 година

Мартин Вучиќ – „Make Мy Day“, 2005 година

Елена Ристеска – „Нинанајна“, 2006 година

Каролина Гочева – „Мојот свет“, 2007 година

Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа – „Let Me Love You“, 2008 година

Next Time – „Нешто што ќе остане“, 2009 година

Уште 12 песни на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Кога музиката станува семејна приказна - Волческа ја посвети песната „Ведро е“ на својот внук Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Во...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...

Најчитани неделава