Победник на Макфест 2021 е дебитантот Александар Тодоровски, добитничката на 3-то место се расплака


Победник на Макфест 2021 е дебитантот Александар Тодоровски, добитничката на 3-то место се расплака

Победата на 36-тото издание на штипскиот фестивал Макфест замина кај Александар Тодоровски, кој настапи како дебитант - кои се другите добитници на награди?

pobednik-na-makfest-2021-e-debitantot-aleksandar-todorovski-dobitnichkata-na-3-to-mesto-se-rasplala-01.jpg

Макфест оваа година по вторпат се одржа на отворено, во Аквабела Ресорт, овојпат во поразлична форма од изминатите години, односно имаше две вечери, првата – дебитантска вечер и втората – финална вечер, во која влегоа 5 победици од првата вечер.

Награда за најдобар аранжман доби Лазар Цветковски за композиција „Денот што ми носи“ на Александра Јанева.

Награда за најдобар сценски настап доби Марија Данева.

Награда за најдобра интерпретација доби Лара Иванова со композицијата „Душа“.

Наградата за најдобар дебитант ја доби Калина Велковска.

Третото место го доби Марија Данева. 

Второто место го доби Мартинијан Кириловски.

Од вкупно 18 изведувачи во финалната вечер, победата замина кај Александар Тодоровски.

Макфест оваа година имаше и нови водители, добропознатата двојка од ТВ екраните - Мирослав Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ. Миро ја забавуваше публиката од бекстејџот заедно со изведувачите, а Ведрана ја водеше програмата од сцената.

makfest-2021-pobednik-finale-02.jpgПРВА ВЕЧЕР / фото извор: Фејсбук - д-р Сашко Николов

Помеѓу натпреварувачите на Макфест 2021 беа и Ѓоко Танески, Роберт Билбилов, Eye Cue, Полина Тасева, Лара Иванова, Мартинијан Кириловски, Филип Пешевски.

Додека стручното жири одлучуваше за гласовите, публиката ја забавуваше музичкото дуо Александар Митевски и Драган Спасов-Дац.

makfest-2021-pobednik-finale-03.jpg

makfest-2021-pobednik-finale-05.jpg

Кој беше вашиот фаворит годинава?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видео од првата проба на Тамара Тодевска за Евровизија 2019 Во понеделникот, Тамара Тодевска заедно со нејзиниот евровизиски тим, заминаа во...
Видео од првата проба на Мила Москов – нашата претставничка на детска Евровизија 2019 14-годишната Мила Москов годинава ќе ја претставува нашата земја на детска Еврво...
Фотки и видео од првата проба на Eye Cue за Евровизија 2018 Натпреварувачите на Евровизија 2018, вчера започнаа со првите проби, а Eye Cue п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg