„Ненормален“ – нова романтична балада од Владо Јаневски што долго ќе се слуша

„Само сакај ме без зборови и пак ќе ти верувам сѐ“ – Ова се дел од стиховите на новата романтична балада од Владо Јаневски што допира до срце. Со песната „Ненормален“ Владо Јаневски го најавува новиот албум што ќе се појави следниот месец.

nenormalen-nova-romantichna-balada-od-vlado-janevski-shto-dolgo-kje-se-slusha-01.jpg

За сите што нетрпеливо очекуваа нова музика од Владо Јаневски новата песна „Ненормален“ е достапна на YouTube.

Песната премирно беше емитувана во вторникот (22.02.) на програмата на Бубамара радио.

Со регионалната премиера на „Ненормален“, Владо Јаневски го најавува новиот албум, кој ќе се појави следниот месец во издание на Кроација рекордс.

Песната е љубовна балада, снимена во Скопје и во Загреб.

Аранжманот е на Никша Братош и Валентино Скендеровски. Целокупниот материјал на новиот албум е работен на релација Скопје-Загреб и го носи препознатливиот романтичен дух на музиката на Владо Јаневски, но со нов, модерен призвук.

Слушнете ја новата песна на Владо Јаневски во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...

Најчитани неделава