Северина секси, контроверзниот Азис непрепознатлив – провокативен спот за новиот дует „Фалиш ми“ (фото+видео)

Во провокативно издание во секси долна облека, Северина ја освојува публиката во новиот видеоспот за песната Fališ mi. Песната е дует со контроверзниот бугарски пејач Азис, кој воопшто не наликува на она што беше кога стекна слава. 

severina-provokativna-vo-noviot-spot-za-duetot-so-kontroverzniot-azis-foto-01.jpg

Северина (49) деновиве редовно објавуваше фотографии од снимањето на новиот спот, во кој се појавува во провокативни изданија што зрачат со сексапил.

По повторното враќање на делумното старателство над синот Александар и одморот на Малдиви со него, хрватската пејачка се враќа со нов сингл.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Балканската заводничка во минатото имала повеќе дуети со познати музичари од регионот, а ова е првпат да испее песна со контроверзниот бугарски пејач, кој сега е татко на 14-годишната Раја.

Забележително во спотот е што Азис повеќе не се облекува во женска облека со перики и скандалозни стајлинзи, па речиси е непрепознатлив.

Азис себеси се идентификува надвор од спектрумот на утврден машки и женски пол (анг. Non-binary), односно не се доживува ексклузивно ниту како маж ниту како жена.

Неодамна тој даде интервју за бугарските медиуми каде рече дека ја имал таа несреќа да биде сѐ што е омразено во неговата средина:

„Се навикнав на славата до тој степен, што си мислам дека таа секогаш била дел од мене и дека нештата нема никогаш да се променат. Не можам да кажам дека ми е непријатно, но морам да признаам дека многу би зажалил, ако еден ден ја загубам.“

Погледнете го видео-спотот за песната:

Прочитајте и Мажествен и непрепознатлив – како изгледа Азис, бугарската ѕвезда која шокираше со ексцентричниот изглед? (фото)

Погледнете повеќе фотографии од снимањето на спотот:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Антониа Гиговска објави моќна балада - Самата го режираше спотот (видео) Антониа Гиговска ја промовираше новата песна заедно со спот што го режираше сама...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg