Како ќе звучи нашата претставничка Андреа на Евровизија 2022 – завршена втората проба (видео)

Нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска ја имаше втората проба за настапот на Евровизија 2022 во Торино. Погледнете како ќе изгледа изведбата на Circles на евровизиската сцена.

kako-kje-zvuchi-nashata-pretstavnichka-andrea-na-evrovizija-2022-zavrshena-vtorata-proba-video-01.jpg

Денес (06.05) последните 11 земји претставнички кои ќе настапат на Евровизија 2022 ги имаа вторите проби на сцената во Торино, а меѓу нив и нашата Андреа Коевска.

На Инстаграм профилот на македонската евровизиска делегација е споделено кратко видео во кое може да се види како ќе изгледа настапот на Андреа за време на втората полуфинална вечер што ќе се одржи на 12-ти мај.

https://www.instagram.com/tv/CdNwRQQD5L4/?utm_source=ig_web_copy_link

По втората проба, тимот оди во собата за прегледи каде го прегледува крајниот резултат и може да побара да се направат одредени измени.

Потоа се очекува сите учесници на годинешниот Евросонг да одржат прес конференција.

Евровизија 2022 ќе се одржува во периодот од 10-ти до 14-ти мај во Торино, а Андреа ќе настапи 11-та по ред во втората полуфинална вечер, што ќе се одржи на 12-ти мај.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Бугарската претставничка победи на Евровизија 2026 – Израел на второ место Вечерва во Виена се одржа 70-тото издание на Евровизија, а победник е претставни...
Дорис Ди на 16 години запеа на Макфест и ја освои публиката (видео) Дорис Ди на само 16 години беше најмладиот учесник на Макфест оваа година, а со ...
Разиграна љубовна носталгија е „Магија“ на Бузуки бенд Убави емоции, насмевки и разиграност сакаме да предизвикаме со „Магија“, нашата ...

Најчитани неделава