Донесена одлука: Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина - која е следната локација?

Во Украина не се исполнети безбедносните услови за подготовка, организација и продукција на Евровизија 2023, а организаторите се во потрага по нова локација. Каде најверојатно ќе се одржи следната Евровизија?

donesena-odluka-evrovizija-slednata-godina-nema-da-se-odrzhi-vo-ukraina-koja-e-slednata-lokacija-01.jpg

Иако на годинешната Евровизија победија Украинците Kalush Orchestra со нивната песна Stefania, сепак Европската радиодифузна унија, која е организатор на настанот излезе со соопштение во кое потврди дека следната 2023-та година настанот нема да се одржи во Украина.

„Веќе е утврдена традицијата победникот на Евровизија да биде домаќин на настанот следната година и да исполни одредени критериуми за презентација на настанот, но и за безбедноста на сите учесници, вклучително и за публиката“ – стои во соопштението.

donesena-odluka-evrovizija-slednata-godina-nema-da-se-odrzhi-vo-ukraina-koja-e-slednata-lokacija-02.jpg

Оттаму соопштуваат дека внимателно ја разгледале состојбата и дошле до заклучок дека во моментов во Украина не се исполнети безбедносните услови за подготовка, организација и продукција на натпреварот.

Според соопштението, најверојатно разговорите ќе продолжат со второпласираните на годинешниот натпревар, односно Англија.

donesena-odluka-evrovizija-slednata-godina-nema-da-se-odrzhi-vo-ukraina-koja-e-slednata-lokacija-03.png

Во преговорите со BBC, Европската радиодифузна унија ќе бара победата на Украина да биде одбележана за време на настанот.

Од BBC велат дека преговорите наскоро треба да започнат и дека засега не може да се даде сигурен одговор дали во 2023-та година Англија ќе биде домаќин на престижниот телевизиски и музички настан.

Да се потсетиме на песната што победи на Евровизија 2022 во Торино:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бугарската претставничка победи на Евровизија 2026 – Израел на второ место Вечерва во Виена се одржа 70-тото издание на Евровизија, а победник е претставни...
„Небитен“ е приказна кога прифаќаш дека повеќе не си нечие „сè“ - Симона Поповска со нова песна Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“, емотивна поп-бала...
Битолски Камерен Оркестар станува Битолски Оркестар DIVA – нова ера на битолската музичка приказна На 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола, градот ја прослави само својат...
Со песната „Легендата“, Тони Зен го најави новиот албум „Уствари ќе излезат два албума на плоча, со две стихозбирки. Едниот албум е од 2...
Kaly го осветлува денс подиумот со „Моето Сонце“ Што ако „моето сонце“ не е личност, туку музика што те крева на нозе? Што ако...
По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“ - кутија со два алб... По повод 21. година од издавањето на првиот албум, Тони Зен издаде „премиум сет“...

Најчитани неделава