Колку пари ќе му донесе „Пари“ на Стефан Лазаров? Ново музичко парче од македонскиот јутјубер

Скопје, 11.07.2022- Секогаш уникатен и полн со изненадувања, најпознатиот македонски јутјубер и водител - Стефан Лазаров, се враќа на музичката сцена со нова песна насловена „Пари“.

kolku-pari-kje-mu-donese-pari-na-stefan-lazarov-novo-muzichko-parche-od-makedonskiot-jutjuber-01.jpg

По кратка пауза, со новиот видео запис, 25 годишниот јутубер ја слави двегодишнината од отворањето на својот јутуб канал преку кој стекна голема популарност, а во моментов брои скоро 70 000 следбеници.

Видео записот за песната „Пари“, е режија на Томислав Живковиќ, а истиот е реализиран во Грција, што го потврдува фактот дека ова е досега најскапиот спот на Лазаров. Позади текстот, музиката и аранжманот на песната стои познатото македонското дуо „Два Бона“. Во спотот се појавува и македонскиот модел Сара Дојчиноска.

„Чувството да се биде повторно на музичката сцена по кратка пауза, е неописливо, а најмногу поради можноста преку музиката како уметност да споделам вистински емоции. Музиката ми дава можност да се претставам и искажам емотивно и на најдобриот начин на којшто знам. Сакам да се заблагодарам на целиот тим кој работеше на овој проект и да нагласам дека следува период на активно посветување на мојата музичка кариера.“- изјави младиот мултиталент, Лазаров.

Стефан Лазаров во досегашната негова кариера брои неколку хитови кои можете да ги слушнете и погледнете на неговиот јутуб канал како „Ти“, „Мајко моја“, „Победник“ и други.

Во продолжение, погледнете го новиот видео запис за „Пари“ и големиот come-back на македонската сцена.

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава