Тони Зен со нов сингл и најава за нов албум - „'Првата нота' те тера да мрдаш глава и тело“

Музиката на Тони Зен отсекогаш била единствена мешавина на храброст и интелигенција. Важи за човек кој ги поместува границите и кој не прифаќа компромис во музиката.

toni-zen-so-nov-singl-i-najava-za-nov-album-prvata-nota-te-tera-da-mrdash-glava-i-telo-01.jpg

Веднаш по првите тактови на било која негова песна се препознава неговиот единствен стил. Пред многу години публиката го препозна, а со секое ново слушање на неговите песни тоа и го наградува.

По успешното пласирање на песната „Планот“, следува уште една која го носи насловот „Првата нота“.

toni-zen-so-nov-singl-i-najava-za-nov-album-prvata-nota-te-tera-da-mrdash-glava-i-telo-07.jpg

Ова е вториот сингл со видео запис според планот, на кој слушателите и гледачите нема да останат рамнодушни.

toni-zen-so-nov-singl-i-najava-za-nov-album-prvata-nota-te-tera-da-mrdash-glava-i-telo-05.jpg

„Првата нота“ те тера да мрдаш глава и тело. Многу сум задоволен затоа што се оствари оваа соработка помеѓу луѓето во кои верувам. Веќе кажав дека ова е само почеток. Наскоро следува и новиот, 7-ми албум во кои ќе бидат сите нови песни од потпишувањето на договорот со „Прагма продукција“. – вели Тони Зен

toni-zen-so-nov-singl-i-najava-za-nov-album-prvata-nota-te-tera-da-mrdash-glava-i-telo-03.jpg

На видео записот се потпишуваат Владислав Гавриловски и Илија Димкоски, а музиката ја направија Нино Васков и Ики. Премиерата на песната „Првата нота“ ќе биде во среда (10.08.2022) односно вечерва во 20 часот, на официјалниот Јутјуб канал на Тони Зен.

toni-zen-so-nov-singl-i-najava-za-nov-album-prvata-nota-te-tera-da-mrdash-glava-i-telo-06.jpg

А додека ја чекаме „Првата нота“ на Тони Зен, уживајте во песната „Планот“.

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...

Најчитани неделава