Бесмртни медузи, лигни долги 13 метри: Мистерии во океаните и морињата кои допрва треба да ги решиме

Аномалија во Балтичкото Море поттикна теории на заговор

Во 2011 година, со помош на сонар, научниците забележаа необична формација на дното на Балтичкото Море.

Формацијата е со кружна форма и на неа има необични вдлабнатини.

besmrtni-meduzi-ligni-dolgi-13-metri-misterii-vo-okeanite-i-morinjata-koi-doprva-treba-da-gi-reshime-07.JPG

Сликата од сонар беше доволно да се разгорат теории на заговор дека можеби е остаток од некоја вонземска цивилизација, па дури и некое тајно оружје.

Во реалноста, поверојатно е дека станува збор за природна формација, но на експертите не им е јасно како настанала бидејќи досега немаат видено нешто слично.

besmrtni-meduzi-ligni-dolgi-13-metri-misterii-vo-okeanite-i-morinjata-koi-doprva-treba-da-gi-reshime-08.JPG

Не знаеме скоро ништо за сините китови

Синиот кит е најголемиот цицач на планетата, но факт е дека знаеме многу малку за нив. Бидејќи во минатото биле многу ловени, а и се размножуваат бавно, денес има малку единки.

Покрај тоа, важат за „срамежливи“ суштества, па тешко е да се проучуваат.

Малку се знае за нивниот начин на размножување или каде воопшто ги раѓаат своите малечки.

besmrtni-meduzi-ligni-dolgi-13-metri-misterii-vo-okeanite-i-morinjata-koi-doprva-treba-da-gi-reshime-09.JPG

Фасцинантен и нивниот начин на комуникација – тие испуштаат звуци на ниска фреквенција кои можат да патуваат со километри под вода. Иако е јасно дека на овој начин комуницираат, не знаеме што си „кажуваат“, ниту дали сите сини китови го користат истиот „јазик“.

Не е познато ни дали се социјални суштества бидејќи се забележувани и групи од сини китови, и осамени единки.

Се верува дека во просек живеат околу 80 години, но сепак не знаеме дали ова е точно и дали можеби имаат подолг животен век.

besmrtni-meduzi-ligni-dolgi-13-metri-misterii-vo-okeanite-i-morinjata-koi-doprva-treba-da-gi-reshime-10.JPG

Што ги прави „бесмртни“ медузи бесмртни?

Додека луѓето трагаат по бесмртност, на планетата постои вид кој можеби ја знае тајната.

Медузите од видот Turritopsis dohrnii имаат способност да се вратат во порана фаза од својот развој, па одново да почнат да растат и со тоа се практично бесмртни.

besmrtni-meduzi-ligni-dolgi-13-metri-misterii-vo-okeanite-i-morinjata-koi-doprva-treba-da-gi-reshime-11.JPG

Експериментите покажале дека овие медузи можат да се вратат во пораната фаза на која било возраст, а ова обично се случува кога се изложени на одредени услови, како изгладнување или нагла промена на температурата на водата.

Овој процес е тешко да се набљудува во нивната природна околина и претставува мистерија за експертите.

Исто така, иако овие медузи иако биолошки бесмртни, сепак можат да настрадаат од предатори или да се разболат и да умрат.

besmrtni-meduzi-ligni-dolgi-13-metri-misterii-vo-okeanite-i-morinjata-koi-doprva-treba-da-gi-reshime-12.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате веч... Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втор...

Најчитани неделава