Што ќе се случи на Земјата ако Месечината одеднаш исчезне?

Ако Месечината исчезне, деновите постепено ќе стануваат пократки бидејќи нејзината гравитација има влијание врз ротацијата на Земјата. Нашиот природен сателит има огромно влијание и врз начинот на којшто се развивал животот на Земјата.

shto-kje-se-sluchi-na-zemjata-ako-mesechinata-odednash-ischezne-01.jpg

Нашата планета има еден природен сателит кој иако мал, има огромно влијание врз Земјата.

Покрај плимата и осеката, месечевата гравитација, па и нејзиното само формирање, дефинитивно имале голем удел во тоа како се развивал животот на Земјата.

Што би се променило ако Месечината исчезне?

Можно е да се променат годишните времиња

Земјината оска е под агол во однос на нејзината орбита околу Сонцето. Овој агол изнесува околу 23 степени и токму тој е причина за годишните времиња.

Односно, кога северната хемисфера е наклонета кон Сонцето, таму лето, а на друга хемисфера е зима, и обратно.

Научниците сметаат дека наклонот на земјината оска настанал пред околу четири милијарди години, кога нашата планета била удрена од големо небесно тело.

Се претпоставува дека од овој судир настанала и Месечината која, пак, со својата гравитација, делува врз Земјата, односно на некој начин ја стабилизира оската.

Ако Месечината одеднаш ја снема, ќе се изгуби и влијанието на нејзината гравитациска сила, па можно е да има промени во наклонот на оската.

Со текот на времето, наклонот би се променил многу, со што би се забележала и значителна промена на годишните времиња.

shto-kje-se-sluchi-na-zemjata-ako-mesechinata-odednash-ischezne-02.JPG

Плимата драстично ќе се намали

Плимата и осеката се водени од неколку фактори. Покрај земјината ротација и гравитацијата на Сонцето, тие се под влијание и на месечевата гравитација.

Всушност, Месечината е главниот „виновник“ за појавата на плима и осека бидејќи е блиску до Земјата – колку е поблиску, толку е повисока плимата.

Доколку Месечината исчезне, ќе остане само плимата под влијание од Сонцето, која е многу пониска.

shto-kje-se-sluchi-na-zemjata-ako-mesechinata-odednash-ischezne-03.JPG

Деновите ќе бидат пократки

Месечевата гравитација има влијание и врз ротацијата на Земјата, односно ја забавува.

Доколку Месечината исчезне, ќе се забрза ротацијата на Земјата, а со тоа деновите ќе станат пократки.

Во минатото, кога Земјата немала свој природен сателит, деновите траеле само по шест часа, па доколку Месечината не се формирала, животот на планетата би бил многу поразличен.

Сите живи суштества на планетата се адаптирани на 24-часовно деноноќие, што значи многу организми тешко би преживеале на планета каде овој циклус е многу пократок.

shto-kje-se-sluchi-na-zemjata-ako-mesechinata-odednash-ischezne-04.JPG

Ноќите ќе бидат потемни

Од светлосното загадување од градовите, денес ретко забележуваме колку силна светлина емитува Месечината навечер.

Можеби нам не би ни пречело, но бројни животни се ориентираат според месечевата светлина, па многу видови би се соочиле со голем предизвик ако Месечината одеднаш ја снема.

shto-kje-se-sluchi-na-zemjata-ako-mesechinata-odednash-ischezne-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате веч... Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg