„Можам да клонирам луѓе!“

mozam-da-kloniram-lugje-povekjeКонтроверзен доктор за плодност вчера потврди дека клонирал 14 човечки ембриони и 11 од нив веќе се во матката на 4 жени кои се подготвени да ги родат...

 

 

...овие клонирани бебиња. Панајотис Завос конечно ја прекина табу темата за клонирање ембриони, процедура која е криминално дело во Британија.

Тој сето ова го прави во тајна лабораторија некаде на Блискиот Исток, а пациентите му се од Британија, САД и од Блискиот Исток.

Ниту еден од трансферите на ембрионите сеуште не покажува видлива бременост, но доктор Завос тврди дека тоа е mozam-da-kloniram-lugjeсамо првиот дел од неговите сериозни намери за клонирање на бебе од кожните ќелии од неговите “родители“

“Клонираните деца се на пат, и нема шанси да не успеам во ова. Ако ги зголемиме напорите може да имаме клонирано бебе за година или две, меѓутоа не сме под притисок па затоа полека го усовршуваме процесот“

“Добиваме барања секојдневно. До денес имаме преку 100 и сите се навистина сериозни. Критериумот за да станете наш пациент е фактот дека репродуктивното клонирање е единствената опција која ви останала откако сте ги испробале сите останати кои биле возможни.“

“Не сме заинтересирани за клонирање на Мајкл Џордан или Мајкл Џексон на овој свет. Богатите и славните не се вклучени во ова“.

Др. Завос продуцирал клонирани ембриони на тројца мртви, вклучувајќи го и 10 годишното девојче, Кеди, која загинала во сообраќајна несреќа.

Нејзините крвни келии биле замрзнати и испратени на др. Завос, кој ги споил со јајца од крава за да направи човечко -животински хибридни ембриони. Овој ембрион понатаму може да се трансферира во матката и да продуцира клон на Кеди.

Би можело да ве интересира:

Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате веч... Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втор...
7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...

Најчитани неделава