Метеорски дожд кој ќе трае до 24 август

Астрономите најавија спектакуларен метеорски дожд кој ќе трае скоро 2 недели и ќе ви овозможи да уживате во неверојатното искуство кое се случува речиси секоја година.

ne-propushtajte-vecerva-se-najavuva-spektakularen-meteorski-dozd-01.jpg

„Оваа година погледот ќе биде спектакуларен“ – така ја започнал својата најава, Морган Холис од Британското астрономско друштво. Глетката ќе може да се види од сите делови на планетата земја, а неа ќе имаме можност да ја доживееме благодарение на кометата Персеиди која секоја година минува близу Земјата од средината на јули до средината на август.

Оваа година тоа ќе се случува од 17 јули до 24 август.

„Дождот настанува на тој начин што делчиња од кометата се судруваат со молекулите од нашата атмосфера и произведуваат силна видлива светлина“ – објаснува Џереми Вабилон од Париското астрономско друштво.

Оваа година метеорскиот дожд ќе може да се следи ноќта помеѓу 12 и 13 август од 1 до 3.30 часот, додека земјата е во епицентарот на метеорскиот рој, односно гигантскиот облак долг повеќе од милион километри, но ќе имате можност и во текот на останатите денови да ја искусите неверојатната глетка.

Би можело да ве интересира:

Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...
Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате веч... Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втор...

Најчитани неделава