Дијаманти, вода или лава: Како изгледаат океаните во вселената?

Верувале или не, постојат океани кои се наоѓаат надвор од нашата атмосфера, па дури и нашиот соларен систем. Некои од нив се од вода, а некои пак, од вжештена лава.

top-5-okeani-koi-postojat-vo-vselenata-01.png

Еве неколку од нив:


Дијамантските океани на Нептун и Уран

На надворешните рабови на сончевиот систем се наоѓаат двете ледени планети, Нептун и Уран. Под нивната атмосфера имаат слична површина изградена од: вода, амонијак и метан.

Научниците открија под колкав притисок и температура се топи дијамантот, па така се потврди и можноста за дијамантски океани токму на овие две планети. Нептун и Уран имаат идеална температура и притисок за топење на дијамантот.

top-5-okeani-koi-postojat-vo-vselenata-1.jpg


Океан од магма

„Ио“ е највнатрешната месечина на планетата Јупитер, а исто така и месечина со најголем број на вулкани во нашиот сончев систем. Со над 400 вулкани, неговата површина постојано се соочува со експлозии и лава.

top-5-okeani-koi-postojat-vo-vselenata-02.jpg


Подземен нуклеарен океан на Плутон

Во 2015-та година, сондата „Нови Хоризонти“ ќе ја заврши 3000-дневната мисија на самиот раб на нашиот соларен систем, а ќе влезе во орбитата на планета Плутон.

Преку слики со ниска резолуција и податоци од орбитите, научниците можат само да шпекулираат што лежи на површината на Плутон. Како и многу други планети во нашиот Сончев систем, под површината на Плутон лежат радиоактивни елементи посебно: ураниум, калиум-40 и ториум.

Кога овие елементи се подложни на радиоактивен распад испуштаат доволно топлина за водата да се задржи во течна состојба. Додека на површината на Плутон температурата може да биде значително под нулата, можно е да постои подземен нуклеарен океан.

top-5-okeani-koi-postojat-vo-vselenata-3.jpg


Подземен океан на Енцелад

Во јужниот поларен регион на Сатурновата шеста по големина месечина, се наоѓа голем океан под ледената површина кој би можел да содржи живи организми.

За време на мисиите на прелетување во 2012-та година, научниците беа во можност да утврдат дека постои океан од течна вода под површината.

Овој океан, не само што е создаден од вода во течна состојба, туку исто така содржи органски соединенија (натриумови соли), што значи дека има основни состојки за живот.

top-5-okeani-koi-postojat-vo-vselenata-4.jpg


Планета на океанска лава

Алфа Кентаури е најблиската ѕвезда до нашето Сонце и е 4,2 светлосни години оддалечена од нас. Слична по големина со Сонцето. Оваа далечна ѕвезда има барем една планета што орбитира околу неа.

Со користење на различни техники и употреба на Доплеровиот ефект, откриена е планета со големина на нашата планета која орбитира околу Алфа Кентаури Б, а е наречена Алфа Кентаури ББ.

Алфа Кентаури ББ не е погодна за живот. Нејзината температура на површината е околу 1.200° целзиусови. Високите температури доведуваат до целосно топење на карпите со што се создава океан од лава.

top-5-okeani-koi-postojat-vo-vselenata-5.jpg

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg