Koj e вашиот "втор мозок" ?

Научниците докажаа дека дигестивниот систем повеќе влијае на нашиот живот него што мислиме. Како што вели др. Мичел Капел, гастроинтестиналниот...

 

... тракт содржи голема количина на нерви и неврони, значајно повеќе од 'рбетниот мозок, така што цело време работи, односно комуницира со мозокот. koj-e-vashiot-vtor-mozok1

Затоа, следниот пат кога ќе добиете некое чувство или интуиција за нешто, тоа може да го иницира вашиот "втор мозок". Токму овој наш т.н. втор мозок содржи рефлексни склопови кои ја детектираат физиолошката состојба на гастроинтестиналниот тракт, интегрираат информации за состојбата на трактот и го контролираат движењето на цревата.

Тој е единствен дел од периферниот нервен состав кој содржи нервни склопови кои имаат локална и автономна функција, поради што и го заслужи името - "вториот човеков мозок". Др. Капел вели дека нашиот "прав" мозок, сепак настојува да ги игнорира цревата, оставајќи ги да го прават она што тие најдобро го знаат - да варат и разложуваат храната.

Сепак постојат мигови кога големиот мозок доживува физичка и емоционална возбудливост, која пак ги активира реакциите како што се пуштање на желудечен сок или неочекувано грчење на мускулите во цревата, кое на крајот произведува чувство на пеперутки во стомакот.

Проширеното познавање на поврзаноста на овие два мозоци сега им помага на научниците во релативно ново подрачје на гастроентерологијата. Научниците прават обиди да пронајдат подобар начин за лечење на депресија, анксизност, болести на цревата, чирови или Паркинсова болест.

Би можело да ве интересира:

Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате веч... Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втор...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...
7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...

Најчитани неделава