Ново медицинско достигнување - Тетоважи кои детектираат болести во организмот

Тим истражувачи од Универзитетот МИТ во САД разви мастило за тетовирање кое ја менува бојата во зависност од нивоата на глукоза и pH вредностите во телото.

Tetovazi-koi-detektiraat-bolesti-vo-organizmot-01.jpg

Проектот „Дермален Амбис“ е резултат на соработка помеѓу МИТ и група студенти. Во надеж дека ќе успеат да го направат човечкото тело „интерактивен дисплеј“, тие развија метода за замена на традиционалните мастила за тетовирање со биосензори – течности кои ја менуваат бојата како резултат на промени во крвотокот.

„Развивме четири биосензори, кои реагираат на три различни биохемиски информации во телесните течности и менуваат боја,“ изјави тимот научници.

„Ph сензорот се менува помеѓу виолетова и розова боја, сензорот за глукоза се менува помеѓу сина и кафеава, сензорот за натриум (сол) и вториот Ph сензор се флуоросцентни и се забележуваат со зголемен интензитет под УВ светло“.

Иако сé уште е во фаза на тестирање, односно течноста е инјектирана засега само во кожа на свиња, сепак научниците веруваат дека во иднина мастилото може да се користи како медицинска алатка.

Tetovazi-koi-detektiraat-bolesti-vo-organizmot-02.jpg

На пример, пациентите кои се дијабетичари ќе можат да го проверуваат нивото на шеќерот во крвта без секојдневното боцкање, туку едноставно преку забележување на промена на бојата на биосензорната тетоважа.

Сличен концепт на следење на здравјето презентираше и уште еден научник којшто измисли електронска мрежа во форма на тетоважа, која ги следи температурата, потењето и физичкиот напор на телото.

Покрај овие два концепти коишто се замислени како помошни додатоци во медицината, има и други идеи за „паметни тетоважи“.

Таква е идејата за инкорпорирање на тетоважата (металните сјајни тетоважи кои се популарни на музичките фестивали) преку чиј допир може да се контролираат паметните уреди.

Tetovazi-koi-detektiraat-bolesti-vo-organizmot-03.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате веч... Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втор...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава