Колку време е потребно да се создаде нова навика?

Максвел Малц бил пластичен хирург во 1950-те години, кој почнал да забележува чуден начин на однесување кај неговите пациенти.

Kolku-vreme-e-potrebno-da-se-sozdade-nova-navika-01.jpg

Секогаш кога Д-р Малц требало да изврши оперативен зафат – на пример, корекција на нос – забележувал дека на пациентот му биле потребни околу 21 ден да се навикне да го гледа неговиот нов лик. 

Слично на ова, кога на пациентите им се ампутирала рака или нога, Малц забележувал дека пациентот чувствувал фантомски екстремитет околу 21 ден пред да се прилагоди на новата ситуација.

Ваквите искуства го поттикнале Малц да размислува за тоа колку време би му било нему потребно да се прилагоди на промени и нови однесувања и самиот воочил дека и на него му биле потребни околу 21 ден за да стекне нова навика.

Малц ги запишувал ваквите искуства и изјавил: „Овие и многу други често набљудувани феномени имаат тенденција да покажат дека се всушност потребни 21 ден за да се сруши старата ментална слика и да се создаде нова.“

Во 1960 година, Малц го објавил тој цитат и неговите останати размислувања во врска со промените во однесувањето во неговата книга наречена „Психо-Кибернетика“ (која е всушност аудио книга). Книгата веднаш станала најдобро продавана книга, со над 30 милиони продадени примероци.

И токму тогаш се појавил проблемот.

Во наредните децении, делата на Малц имале свое влијание врз речиси секој професионалец за „самопомош“, и како што сѐ повеќе луѓе ја раскажувале приказната на Малц — исто како во играта „расипан телефон“ — луѓето почнале да го забораваат она што тој всушност го кажал „најмалку 21 ден“ и го намалиле времето на „потребни се 21 ден да се создаде нова навика“.

Така општеството почнало да го шири познатиот мит дека се потребни 21 ден да се создаде нова навика (или 30 дена или некоја друга магична бројка). Неверојатно е колку често овие временски периоди се сметаат како статистички факти.

Опасна лекција: Ако доволен број луѓе почесто кажуваат некои работи, тогаш сите почнуваат да веруваат во тоа.

Јасно е зошто митот „21 ден“ толку лесно се раширил. Затоа што е лесен за разбирање. Временскиот период е доволно краток за да инспирира, но и доволно долг за да биде веродостоен. А кој не би ја сакал идејата да го смени сопствениот живот за само три недели?

Но, проблемот е во тоа што Малц едноставно набљудувал што се случувало околу него и не наведувал никакви факти. Покрај тоа, тој јасно кажал дека тоа е минималниот временски период потребен за човек да се прилагоди на нова промена.

Тогаш, кој е вистинскиот одговор? Колку време е всушност потребно за да се создаде нова навика? Дали науката може да го поткрепи ова? И што значи сето ова за сите нас?

Колку време е всушност потребно за да се создаде нова навика?!

Одговор на ова прашање се обидела да даде Филипа Лели (Phillippa Lally), истражувач по здравствена психологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Во истражувањето објавено во Европскиот весник за социјална психологија, Лели и нејзиниот тим од истражувачи одлучиле да откријат колку време е всушност потребно за да се создаде нова навика.

Во рамките на истражувањето биле испитувани навиките на 96 кандидати во период над 12 недели. Секој од испитаниците требало да избере по една нова навика за периодот од 12 недели и да известува секој ден дали има промена во нивното однесување и колку таквото однесување им се чинело како навика.

Некои испитаници избрале едноставни навики како на пример „пиење по едно шише вода за време на ручек“. Други одбрале потешки навики како што е „трчање по 15 минути пред вечера“. На крајот од периодот од 12 недели, истражувачите ги анализирале податоците за да утврдат колку долго му било потребно на секој испитаник да започне со ново однесување и да почне по навика да го применува таквото однесување.

Одговорот?

Во просек, потребни се повеќе од  2 месеца пред новото однесување да стане навика — или поточно 66 дена. Колку време е потребно да се создаде нова навика може во голема мера да варира во зависност од однесувањето, личноста и околностите. Во истражувањето на Лели, биле потребни од 18 до 254 дена за испитаниците да создадат нова навика. 

Со други зборови, ако сакате точно да ги поставите вашите очекувања, вистината е дека најверојатно ќе ви бидат потребни од 2 до 8 месеца да изградите ново однесување во Вашиот живот — а не 21 ден.

Интересен е фактот што истражувачите откриле дека „пропуштањето на една можност да се однесувате според новата навика, не влијае материјално врз процесот на создавање на навиката“.

Со други зборови, не е важно ако понекогаш не правите нешто според зацртаното. Градењето на подобри навики не е процес на сѐ или ништо.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg