Како би изгледал животот кога Земјата би била рамна плоча?

Луѓето се свесни за обликот на Земјата веќе илјадници години, дури и пред Кристофер Колумбо да тргне на своето историско патување до "работ на Земјата". Аристотел и грчкиот математичар Ератостен, кого го сметаат за татко на географијата, го истражувале и споредувале растојанието помеѓу градовите, мерејќи го сонцето на секоја локација.

Eve kako bi izgledal zivotot koga Zemjata bi bila ramna ploca 01

Но, како и порано, и денес постојат оние кои ја негуваат идејата за Земјата како рамна плоча.

Она што е интересно е да се види како би изгледал животот на Земјата кога нашата планета навистина би била рамна плоча:

Гравитацијата е, како што вели официјалната дефиниција, "сила на взаемна привлечност меѓу масите". Бидејќи Земјата е тркалезна, сите работи на нејзината површина се привлекуваат во иста насока - кон центарот. Поради ова е невозможно Земјата да биде рамна.

Ако замислиме дека Земјата е рамна и дека гравитацијата се однесува вообичаено, доколку се најдете во нејзиниот центар (на Северниот пол) гравитацијата ќе биде слична со онаа која ја доживуваме денес. Но кога би почнале да се доближувате кон рабовите, работите би станале сосема чудни.

Приближувањето кон рабовите би било како да се движите по многу стрмни планини, иако би се движеле на рамна почва. Ова би се случило бидејќи гравитацијата би ве влечела кон центарот на дискот. Кога би оделе до работ на Земјата би можеле да го преминете и да стоите вертикално на неговата површина. Гравитацијата би била сосема нормална, со оглед на тоа дека ќе бидете директно над центарот на Земјата.

Еден од најочигледните примери на обликот на Земјата е нешто што древните народи го забележале одамна, а тоа е сенката (која е тркалезна) која поминува преку Месечината за време на затемнувањето. Оваа сенка е можна, бидејќи Земјата се врти, само затоа што е сфера.

Eve kako bi izgledal zivotot koga Zemjata bi bila ramna ploca 03

Кога Земјата би била рамна плоча затемнувањето на Месечината би било многу досадно и малку грдо. Се прашуваш зошто? Замислете ја Месечината со сенка на тенка лента.

На рамната Земја сите спортови би морале да се играат во близина на нејзиниот центар, каде што гравитацијата делува нормално. Ова би значело дека игралиштата би се граделе во близина на Северниот пол. Кога игралиштата би се правела блиску до работ на Земјата се поставува прашање: што ќе се случи ако некој играч случајно ја фрли топката преку работ на Земјата? Аут?

Северниот пол ќе биде единственото место на Земјата каде што гравитацијата ќе функционира нормално. Зошто е овој дел од Земјата покриен со мраз и снег, освен ако не се работи за тајниот замок на Снежната кралица или Дедо Мраз, во тој случај е оправдано. Северниот пол би бил многу влажно место, бидејќи искривената гравитација би го спречила постоењето на водата на рабовите на планетата.

Eve kako bi izgledal zivotot koga Zemjata bi bila ramna ploca 04

На овие рабови на Земјата би постоеле чудни шуми кои би растеле под многу чуден агол. Дрвјата растат спротиво од гравитацијата, така што во овие екстремни делови на планетата дрвјата би растеле дијагонално. Но, не би постоеле само чудни дрвја, туку и чудни згради, доколку би ги имало, и сосема поинаков начин на кој би живееле.

Eve kako bi izgledal zivotot koga Zemjata bi bila ramna ploca 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg