Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како алкохолот ви помага подобро да зборувате странски јазик?

Според најновата студија којашто била спроведена од истражувачи на Универзитетот на Ливерпул, Мастрихт Универзитетот и Кралскиот Колеџ во Лондон, способноста да зборувате странски јазик се подобрува после консумација на алкохол.

Alkoholot-ke-vi-pomogne-podobro-da-zboruvate-stranski-jazik-01.jpg

Ова можеби делува чудно со оглед на востановеното верување дека алкохолот ги нарушува когнитивните и моторичките функции, каде што спаѓа и способноста за паметење и внимание.

Со оглед на тоа дека овие функции се важни за способноста за зборување втор јазик, можеме да очекуваме дека алкохолот треба да пречи во способноста за зборување странски јазици.

Од друга страна пак, познато е дека алкохолот ја зголемува самодовербата, ја намалува анксиозноста и ги намалува инхибициите, што значи дека полесно се надминува нервозата и колебањето кога треба да комуницирате со друга личност.

Целта на студијата била да се тестираат овие претпоставки. Во експериментот биле вклучени 50 Германци коишто неодамна научиле холандски.

Испитаниците биле поделени по случаен избор во две групи, едната умерено консумирала алкохол, а другата не консумирала. Потоа им била дадена задача да започнат 2 минутен разговор со испитувач Холанѓанин.

Потоа разговорите биле снимани и оценувани од Холанѓани кои не знаеле дека дел од испитаниците консумирале алкохол.

Според оцените на Холанѓаните, испитаниците кои консумирале алкохол биле „потечни“ во разговорот, а особено во изговорот на странските зборови, за разлика од оние кои не консумирале алкохол.

Авторите на оваа студија нагласиле дека студијата е спроведена со сосема мала количина на консумиран алкохол, бидејќи поголема количина би имала спротивен резултат.

Тие велат дека мала доза на алкохол ја намалува анксиозноста и затоа го подобрува зборувањето странски јазик.

Следниот пат кога ќе треба да зборувате на некој странски јазик слободно испијте една чашка од омилениот пијалак и опуштете се, разговорот ќе тече многу полесно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае) Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го пром...
Зошто анестезијата функционира и уште 9 прашања за кои медицината нема одговор „Јас сум акушер – уште не знаеме што точно му дава сигнал на телото дека е време...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg