Огнено торнадо во Австралија, мачка со простетички нозе - Најдобрите научни фотографии направени во 2020-та

Во 2020-та година археолозите најдоа неколку лебарки заробени во смола кои се стари околу 99 милиони години. Засега ова е најстариот примерок од лебарки што го имаме најдено.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-10.jpg

Можеби препознавате дека на фотографијата се гледа големата црвена дамка на Јупитер. Оваа дамка е всушност бура која трае со векови, а неодамна научниците сфатија дека се намалува. Пред неколку векови дамката била трипати поголема од Земјата, но денес е колку нашата планета.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-11.jpg

На 19-ти март 2020, на пролетната рамноденица, Сонцето во Египет зајде веднаш зад познатата сфинга, а резултатот е оваа неверојатна фотографија. Според археолозите, ова е доказ дека древните Египќани внимателно ја одбрале положбата на сфингата во согласност со двете рамноденици во годината.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-12.jpg

Ова маче беше најдено во 2018-та година, закопано под сибирскиот снег. Бидејќи било премрзнато, ветеринарите морале да му ги ампутираат сите нозе, ушите и опашката, но во 2019-та тоа си доби протези. Минатата година, пак, научниците кои му ги направија протезите споделија и фотки.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-13.jpg

Ова е фотографија направена за време на пожарите кои ја зафатија Австралија и на неа се гледа огнено торнадо кое е последица од нив.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-14.jpg

На оваа фотографија се гледа „најдолгото животно на светот“. Ова подводно суштество е од видот сифонофор и на некој начин е колонија од помали организми кои си имаат своја функција, но сепак се однесуваат како еден организам. Обично овие колонии стигнуваат должина до 30-тина метри, но овој примерок е долг неверојатни 45 метри.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-15.jpg

Во 2020-та научниците направија и фотографија од формирање на планета. Овде се гледа раѓањето на нова планета околу ѕвездата AB Aurigae, лоцирана на 520 светлосни години од Земјата. Според научниците, планетата се формира во центарот и овој процес ќе трае многу, многу години.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-16.jpg

Уште една фотографија од корона вирусот. Според истражување од јули, клетките инфицирани со вирусот пуштаат еден вид пипала кои му помагаат на вирусот да ги зарази и другите клетки. Овие пипала, кои научниците успеаја и да ги фотографираат, прават дупки во околните клетки и му помагаат на вирусот полесно да ги зарази.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-17.jpg

Спирова С. | Црнобело / Фото: Live Science



Би можело да ве интересира:

Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате веч... Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втор...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...

Најчитани неделава