Зошто експертите се загрижени за топењето на глечерите и колкава штета предизвикува ова?

Глечерите се опасни и за бродовите

Сантите мраз кои се откршуваат од глечерите неретко завршуваат во морето и можат да бидат опасни за бродовите. Катастрофата со бродот Титаник најдобро го покажува ова, а експертите стравуваат дека наскоро можеме да очекуваме уште многу вакви настани.

zoshto-ekspertite-se-zagrizheni-za-topenjeto-na-glecherite-i-kolkava-shteta-predizvikuva-ova-07.jpg

Поплави кои засекогаш ќе го променат изгледот на Земјата

Покрај тоа што ќе ја променат концентрацијата на сол во океаните, глечерите ќе го променат и нивото на водата. Како што напоменавме, во нив се кријат огромни количини вода и кога ќе се стопат, речиси сигурно ќе го зголемат нивото на вода во океаните и морињата.

Од 1961 година до денес, поради топењето на глечерите, нивото на океаните е зголемено за 2,7 сантиметри. Експертите предвидуваат дека глечерите во свето содржат доволно вода за да го зголемат нивото на океаните за околу половина метар. Ова значи дека сите крајбрежни градови и села ќе се најдат под вода.

zoshto-ekspertite-se-zagrizheni-za-topenjeto-na-glecherite-i-kolkava-shteta-predizvikuva-ova-08.jpg

Ќе изумрат многу животни

Покрај морските животни, од топењето на глечерите ќе настрадаат и многу копнени животински видови, чие природно живеалиште се токму глечерите.

zoshto-ekspertite-se-zagrizheni-za-topenjeto-na-glecherite-i-kolkava-shteta-predizvikuva-ova-09.jpg

Недостаток од храна

Ако изумрат морските животни, човештвото ќе изгуби огромен извор на храна. Ова значи дека сите луѓе кои во голема мера зависат од морската храна, ќе се соочат со глад.

zoshto-ekspertite-se-zagrizheni-za-topenjeto-na-glecherite-i-kolkava-shteta-predizvikuva-ova-10.jpg

Зголемено глобално затоплување

Глечерите имаат и важна улога во регулирањето на температурата на Земјата поради белата боја, но и огромната површина што ја зафаќаат.

Белата површина на глечерите ја рефлектира сончевата светлина и со тоа ја регулира температурата. Кога глечерите ќе се стопат, површината, односно земјата под нив ќе ја апсорбира и ослободува топлината од сончевите зраци, со тоа придонесувајќи за глобалното затоплување.

zoshto-ekspertite-se-zagrizheni-za-topenjeto-na-glecherite-i-kolkava-shteta-predizvikuva-ova-11.jpg

Можно е Земјата да не биде погодна за живот

Со сè што набројавме досега, станува јасно дека топењето на глечерите може да ја направи Земјата непогодна за живот. Дури и Стивен Хокинг нè предупреди дека ако продолжиме со ова темпо, наскоро Земјата ќе биде сува и жешка планета, без услови за живот.

zoshto-ekspertite-se-zagrizheni-za-topenjeto-na-glecherite-i-kolkava-shteta-predizvikuva-ova-12.jpg

Што значи, не залудно експертите одново и одново нè потсетуваат за потенцијалните штети. За среќа, тие веруваат дека уште има надеж да ја спасиме планетата. Покрај тоа, многу држави ширум светот почнуваат да имплементираат поеколошки решенија и се обидуваат да ја намалат емисијата на стакленички гасови. Но, факт е дека нè чека уште многу работа пред да ја стигнеме целта.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...

Најчитани неделава