Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк уште еднаш потсетува дека навиката за штедење не се сучи само преку бројки, туку и преку љубов, грижа и трпение. Со детското штедење Халки, банката повеќе од една деценија ги учи најмладите дека секој мал чекор денес може да донесе голема промена утре. Со слоганот „Мали чекори - големи соништа“, Халки праќа порака дека вистинската вредност не е во тоа колку имаме, туку како се грижиме за она што го имаме. Секоја уплата во детското штедење е повеќе од бројка - тоа е порака на љубов, посветеност и сигурност кон иднината на детето.