Софија Вергара на 19 години станала мајка и го израснала сама – денес синот ѝ најголема поддршка и гордост (фото)
- Детали
- сабота, 15 април 2023
„Чувствувам дека целата жртва се исплатила, кога луѓето ми даваат комплименти за него, колку е културен, шармантен, смешен и паметен“ – рече во една прилика Софија Вергара за нејзиниот син Маноло, кого го родила кога имала само 19 години. Нејзината приказна покажува колку е силна врската меѓу мајките и синовите.
Додека голем број жени чекаат прво да ги реализираат сопствените соништа на поле кариера за да се остварат како мајки, Софија Вергара (50) ја имала обратната ситуација.
Го израснала синот како самохрана мајка, а денес тој е нејзина најголема поддршка и гордост.
Софија Вергара била многу млада кога се омажила за нејзиниот дечко со кого била заедно додека била во средно образование, Џо Гонзалес и со него го добила синот Маноло.
На само 18 години Софија застанала за првпат пред олтар, а на 19 години го добиле синот.
Сепак во 1993-та година, кога Маноло имал само 2 години, парот се развел, а иако првиот сопруг бил вклучен во животот на детето, таа вели дека сосема сама се грижела за него.
„Сега кога гледам наназад, сфаќам дека не ми беше потребна помош од никого. Убаво е чувството кога се навраќам и сфаќам дека сѐ сум направила сама. Се чувствувам дека сум успеала“ – рече таа во една прилика.
По разводот со Гонзалес, Софија сама се трудела да успее да изгради кариера, но и да биде грижлива мајка за нејзиниот син и да му обезбеди сѐ што му е потребно.
Работела како водителка на колумбиски ТВ емисии сѐ до 1998-ма година, кога нејзиниот брат бил убиен и со нејзиното семејство одлучиле да се преселат во Мајами.
„Бев многу млада кога се разведов од неговиот татко, па го израснав трудејќи се да му го дадам најдобриот можен пример и тој да има сѐ што можев да му обезбедам.
Чувствувам дека целата жртва се исплатила кога луѓето ми даваат комплименти за него, колку е културен, шармантен, смешен и паметен“ – рече таа во една прилика.
Актерката вели дека никогаш не зажалила затоа што го родила синот толку рано, но признава дека многупати помислила дека нештата би биле полесни ако Маноло дојдел барем 10-тина години подоцна.
Маноло денес има 31 година и тој работи како режисер, а се појавил и како актер во повеќе ТВ серии.
Маноло редовно се појавува со мајка му на некои од поважните настани во нејзиниот живот, а беше со неа во мигот кога таа ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Софија и Маноло се мошне поврзани. Токму тој ја однесе Софија до олтар на денот кога таа се омажи за Џо Манганиело.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





