Лорин боса ја зема наградата, водителка биеше млеко среде шоу - Впечатливи моменти на Евровизија 2023 (фото+видео)
- Детали
- недела, 14 мај 2023
Иако сè беше испланирано до перфекција, сепак на Евровизија 2023 имаше неколку спонтани моменти што го украдоа вниманието на публиката. Од појавувањето на принцезата Кејт до моментот кога Финецот се соблече гол затоа што не можеше да ја издржи тензијата. Погледнете ги највпечатливите мигови.
Синоќа (13.05) во Ливерпул се одржа престижниот музички натпревар Евровизија 2023, а вкупно 26 земји се претставија на сцената. На крајот апсолутен фаворит беше Шведска и нејзиниот претставник Лорин, која успеа да ги освои мнозинството гласови од националните жирија, но и од публиката.
Таа стана првата жена што успеала двапати да го освои кристалниот микрофон на Евровизија, еднаш во 2012-та и сега повторно.
Но, иако целиот настан беше детално испланиран, сепак гледачите забележаа неколку интересни мигови за време на шоуто.
Да погледнеме неколку интересни спонтани моменти што го привлекоа вниманието на публиката:
Украинскиот претставник на Евровизија од 2007-ма година Верка Сердучка синоќа се појави на сцената на финалната вечер. Во еден миг ги фрли своите чевли во публиката, а една од нив летна многу далеку.
Неочекувано, во рамки на спектакуларното отворање на финалната вечер се појави и принцезата Кејт, која свиреше на пијано за време на изведбата на песната на минатогодишниот победник „Калуш Оркестра“, „Стефанија“.
Французинката Lа Zarrа на себе носеше тоалета со над 6.000 кристали за време на сценската изведба на која беше крената на платформа.
Во еден миг додека водителката Хана Вадингам беше во зелената соба зад неа се појави и британската презентерка Мел Гидројц која биеше млеко за време на натпреварувањето.
Хрватите се соблекоа на гаќи за време на настапот, но седеа полуголи и за време на одбројувањето на гласовите. Тие завршија на 13-тото место.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





