Се венча со 90-годишен милијардер, по смртта на син ѝ се предозира – Бурниот (и трагичен) живот на Ана Никол Смит

Откако светот слушна за неа, во 1994-та Ана стапи во брак со Хауард. Тој период милијардерот веќе беше во инвалидска количка и имаше 90 години.

Но, само 13 месеци по свадбата, Хауард почина. Ана, пак, тврдеше дека пред смртта ѝ ветил дека ќе наследи половина од неговото богатство кое тогаш изнесуваше над 1,3 милијарди долари.

Нормално, синот на Хауард не можеше да се помири со тоа, па започна жестока судска битка со Ана.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-07.jpg

Ана го загуби случајот, но тогаш почна врска со еден од адвокатите кои ја бранеа. Бидејќи остана без „скршена пара“, таа потпиша договор за ријалити шоу со телевизијата E!.

Ана почна да се соочува и со нарушување во исхраната и достигна тежина од 133 килограми.

Тој период потпиша уште еден договор, овојпат за сомнителна фирма за апчиња за слабеење. Наводно, сакајќи да ослабе, Ана не јадела ништо со денови и живеела на апчиња за слабеење и дрога.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-08.jpg

Во 2005 година, Ана остана бремена по вторпат. Не се знаеше кој е таткото на детето, но наводно четворица мажи воделе битка за старателство. Подоцна се дозна кој е таткото на сега 16-годишното девојче и тој го доби старателството.

Но, додека го очекуваше второто дете, постариот син на Ана почна да ги следи нејзините стапки и стана зависен од дрога.

Само еден ден откако ја роди ќерката, 20-годишниот син на Ана се предозира и умре.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-09.jpg

Овој трагичен настан само ја влоши зависноста на Ана и пет месеци по смртта на син ѝ, таа беше пронајдена мртва во хотелска соба. Наводно, Ана се предозирала со девет разни видови дрога.

Сега, во нов документарец на Нетфликс, Миси – пријателката на Ана – како и нејзиниот татко и други луѓе што ја познавале, велат дека Ана лажела за траумите од детството.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-10.jpg

Според Миси, желбата на Ана за пари ја претворила во „себична личност без трошка емпатија“. Таа знаела дека тажните приказни се попопуларни во Холивуд, па „ги оцрнила“ мајка ѝ и очувот само за слава.

Тврдењата на Ана за малтретирањето што го трпела во детството не се потврдени, но и без тоа, нејзиниот живот дефинитивно е една од најтрагичните приказни во Холивуд.

se-vencha-so-90-godishen-milijarder-po-smrtta-na-sin-se-predozira-burniot-i-tragichen-zhivot-na-ana-nikol-smit-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg