„Мојот страв е очигледен“ – Шенон Доерти објави потресни видеа од зрачењето

„Среќна сум што имам одлични лекари. Но, стравот... Тајмингот... Еве како изгледа ракот“ – напиша меѓу другото актерката Шенон Доерти до видеата од третманите со радиотерапија. Таа откри дека во исто време кога поднела документи за развод, дознала дека ракот се проширил на мозокот.

mojot-strav-e-ochigleden-shenon-doerti-objavi-potresni-videa-od-radioterapijata-otkako-otkri-deka-rakot-se-proshiril-01.jpg

Познатата холивудска актерка Шенон Доерти (52) со години наназад се бори со ракот на дојка, но честопати споделува и видеа и фотографии со кои јасно покажува како изгледа борбата против кобната болест.

mojot-strav-e-ochigleden-shenon-doerti-objavi-potresni-videa-od-radioterapijata-otkako-otkri-deka-rakot-se-proshiril-04.jpg

Таа објави две видеа со кои покажа како изгледа терапијата со зрачење на главата, откако ѝ било соопштено дека ракот се проширил на мозокот. Како што може да се види, актерката лежи со маска која ја држи прицврстена за масата, а од очите лее солзи.

„Мојот страв е очигледен. Јас сум екстремно клаустрофобична и многу работи се случиле во мојот живот. Среќна сум што имам одлични лекари. Но, тој страв... Немирот... Тајмингот на сè што ми се случи... Еве како изгледа ракот“ – напиша Шенон до видеото, што може во целост да го погледнете ТУКА.

Инаку, во истиот период кога на актерката ѝ било соопштено дека болеста се проширила, таа се разведе од сопругот Курт Исвариенко по 11 години брак.

„Разводот е последното нешто што Шенон го сакаше. За жал таа немаше друг избор.

Можете да стапите во контакт со агентката на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вклучена во ситуацијата“ – изјави менаџерката на Шенон непосредно откако беше објавено дека актерката се разведува.

mojot-strav-e-ochigleden-shenon-doerti-objavi-potresni-videa-od-radioterapijata-otkako-otkri-deka-rakot-se-proshiril-05.jpg

Според многумина, со оваа изјава менаџерката на Шенон, потврдила дека нејзиниот сопруг имал афера со агентката.

За потсетување, Шенон успеа да го победи ракот на дојка во 2015-та година откако имаше мастектомија и хемотерапија, но во 2020-та година таа откри дека болеста повторно се вратила.

Освен видеото од радиотерапијата, Шенон објави уште едно видео во кое покажа како изгледала процедурата во која ѝ земале мерки за маската.

Прочитајте и Тврди дека нејзината болест му го уништила сексуалниот живот, имал афера со менаџерката – Детали за разводот на Шенон Доерти со третиот сопруг

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
Гал Гадот за трауматичната бременост пред 2 години: „Во 8-ми месец имав тромб во мозокот, се прашува... „Уште пред да се вратам дома (од прегледот) и се јави доктор и ми рече ’Мора да ...

Најчитани неделава