Глумеа „принцови од бајки“, а животот со нив е хорор филм - Актери од латино и турски серии кои се соочија со обвиненија за насилство

Луи Давид од „Касандра“ бил во затвор заради семејно насилство, а има гласини дека Шакира му раскинала затоа што бил насилен. Вилијам Леви ја изневерил сопругата со над 80 жени... Кои се омилените актери од турските и латиноамериканските серии кои во приватниот живот важат за „незгодни“ личности?

glumea-princovi-od-bajki-a-zhivotot-so-niv-e-horor-film-akteri-od-tv-serii-koi-se-soochija-so-obvinenija-za-nasilstvo-01.jpg

Со улогите во познатите ТВ серии ги освоија срцата на голем број жени, а некои од овие актери на приватен план беа вклучени во голем број скандали и беа обвинети за насилство. Додека на малите екрани глумеа мажи од соништата, нивните партнерки во приватниот живот раскажуваа дека со нив поминале вистински кошмар.

Кои познати актери од шпанските и турските ТВ серии беа обвинети за насилство?

Освалдо Риос

Актерот се прослави со улогата во ТВ серијата „Касандра“, каде ги толкуваше улогите на браќата близнаци Игнасио и Луи Давид.

Потоа следуваа голем број улоги во други латиноамерикански ТВ серии, но тој мораше да направи пауза во кариерата кога неговата поранешна девојка Дејзи Анет Сантијаго го обвини за семејно насилство.

Таа тврдеше дека во периодот во 1996-та година кога биле заедно, актерот ја нарекувал „ку*ва и ѓубре“ и вербално ја напаѓал и барал од неа да му пружа сексуални задоволства, што за неа биле непознати и не биле во согласност со нејзините морални вредности.

На крај, Освалдо беше во затвор, а му беше изречена и условна затворска казна во периодот од 2004-та до 2005-та година, а дополнително на поранешната девојка ѝ плати отштета во висина од 38.000 американски долари.

По врската со Дејзи, Освалдо беше во врска и со 16 години помладата Шакира, а гласините се дека тие двајца раскинале затоа што актерот бил насилен со неа.

glumea-princovi-od-bajki-a-zhivotot-so-niv-e-horor-film-akteri-od-tv-serii-koi-se-soochija-so-obvinenija-za-nasilstvo-02.jpg

Вилијам Леви

Ѕвездата на латиноамериканските сапуници Вилијам Леви важеше за еден од најубавите кубански актери, а најголема слава стекна откако се појави во спотот за песната I’m Into You на Џеј Ло.

По ова, кубанскиот Бред Пит ги одбивал улогите во сапуници и ТВ серии затоа што сметал дека тие се понижувачки за него, по што банкротирал, па бил приморан да прифаќа сѐ што му се понуди.

Но, јавноста беше изненадена кога во 2022-ра година излезе скандалот дека ја изневерил сопругата Елизабет Гутиерез со повеќе од 80 жени.

Тој се соочи и со обвинение дека во својата хотелска соба намамил малолетно девојче и го присилил на сексуален однос. Обвинението беше повлечено, а актерот не негираше дека спиел со девојчето, туку тврдеше дека таа го излажала дека е полнолетна.

Тие двајца се во брак од 2003-та година и имаат две деца, а иако првично се тврдеше дека парот се разделил, тие двајца сепак останаа заедно и одлучија да го спасат бракот.

glumea-princovi-od-bajki-a-zhivotot-so-niv-e-horor-film-akteri-od-tv-serii-koi-se-soochija-so-obvinenija-za-nasilstvo-03.jpg

Озџан Дениз

Се прослави со улогите во „Истанбулската невеста“ и „Судбина“, а долги години наназад тој е во фоксуот на вниманието заради обвиненијата што против него ги поднесе неговата поранешна сопруга Фејза Актан.

Фејза го обвини за семејно насилство и обвинителството бараше да му се изрече казна притвор од шест месеци.

Парот се разведе по само 15 месеци брак во 2018-та година и оттогаш многу често се обвинуваат за насилство. Минатата година актерот објави снимки со кои сакаше да покаже дека жртвата во врската е тој, затоа што кога отишол да го земе синот Кузеј, поранешната сопруга го нападнала.

glumea-princovi-od-bajki-a-zhivotot-so-niv-e-horor-film-akteri-od-tv-serii-koi-se-soochija-so-obvinenija-za-nasilstvo-04.jpg

Еркан Петеккаја

Во Македонија се прослави по улогите во „Парампарче“ и „Бурни времиња“, каде играше семеен човек, но на снимањата бил неподнослив, а за тоа прозборе неговата колешка Нургул Јешилчај.

Убавата актерка која ја играше улогата на Ѓулерсен рече дека го напуштила снимањето на серијата заради однесувањето на Еркан.

„Не сакав јавно да ја раскажам приказната затоа што од серијата си заминав по 52-та епизода, патиштата ни се разделија и за мене тука беше крајот. Но, Еркан јавно ме нагрдуваше и изнесуваше лаги за кои не можев да премолчам.

Еркан уште во првата сезона велеше дека не може да глуми мој љубовник, а кога му реков дека тоа е само работа и дека мене не ми е проблем да глумам проститутка и лезбијка, тој ми рече: ‘Па само тоа најдобро го знаеш’“ – раскажа таа.

Со оглед на тоа што таа е една од омилените турски актерки, гледачите веднаш поверуваа на нејзините изјави, и интересот за Петеккаја опадна кај публиката.

glumea-princovi-od-bajki-a-zhivotot-so-niv-e-horor-film-akteri-od-tv-serii-koi-se-soochija-so-obvinenija-za-nasilstvo-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава