Живееле како цимери, а таа била тајно вљубена во него – Кој е сопругот на Марго Роби, со кого заедно го снимија „Барби“?
Нивниот брак трае веќе 6 години и важат за складен пар, иако честите патувања заради работата значат дека некогаш треба да ја одржат врската иако се разделени.

Марго даде изјава и рече дека тајната за нивниот успешен брак е во тоа што си дале збор дека нема да поминат повеќе од три недели без да се видат.

Исто така, актерката откри дека пред да ја започнат романтичната врска, таа и Том биле цимери и живееле заедно во Лондон, па нештата не се промениле премногу откако стапиле во брак.
„Единствена разлика е што живеевме со повеќе луѓе, а сега живееме само ние двајца и се чувствуваме како да пораснавме“ – рече таа.

Во 2018-та година, Марго зборуваше и за тоа дали планира да стане мајка, па рече дека еден ден сака да има големо семејство, но дека во моментов, таа и сопругот се посветени само на кариерата.

На прашањето зошто толку долго ја криеле својата врска и се венчале во тајност Марго накратко само рече:
„Тој вообичаено е мошне гласна личност која сака да се дружи, но сака да остане зад камерите“.

Иако не сака да се истакнува премногу во јавноста, Том ја придружуваше Марго неколкупати на црвениот тепих додека таа работеше на промоција на филмот Barbie, а за успехот на филмот делумно е заслужен и тој, затоа што заедно со неа и тој беше продуцент на филмот.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак...
Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ...
Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту...
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“
Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м...
Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...