Марк Ентони (55) и сопругата (24) направија крштевка за синот - Надја дефинитивно дека е една од најубавите жени на светот

Марк Ентони (55) и сопругата Надја (24) летово го добија првото заедничко дете, а сега парот направи и крштевка во катедрала во Мексико. Потоа прославија во ресторан со жива музика. Тие уште го немаат откриено името на бебето, а го кријат и неговото лице на Инстаграм објавите.

mark-entoni-i-30-godini-pomladata-sopruga-napravija-krshtevka-za-sinot-vo-meksiko-foto-01.jpg

Марк Ентони и сопругата Надја Фереира направија крштевка за нивното дете во Мексико.

Надја сподели неколку фотки на Инстаграм од крштевањето во црква, како и видеа од прославата во ресторан.

mark-entoni-i-30-godini-pomladata-sopruga-napravija-krshtevka-za-sinot-vo-meksiko-foto-03.jpg

За настанот, Надја избрала бел костим со здолниште украсен со златни копчиња, додека Марк носеше костум и вратоврска.

„Тоа што сведочев како се прероди како христијанин во нашите раце, со кумовите Мале и Карлос во катедралата, беше еден од најубавите мигови во мојот живот.

Твоето име веќе е запишано во рајот моја љубов… Божјо дете“, пишува во описот на објавата.

Марк и Надја го добија бебето во јуни годинава, а уште го немаат откриено неговото име.

Тие го немаат откриено ни полот, но според објава од мајката на Надја, најверојатно имаат момче. На фотката, таа го нарекува внукот „принц на баба“.

mark-entoni-i-30-godini-pomladata-sopruga-napravija-krshtevka-za-sinot-vo-meksiko-foto-02.jpg

За 55-годишниот Марк ова е седмо дете, кој има две деца и со Џеј Ло.

Прочитајте и: Марк Ентони ја побарал за жена по 3 месеци врска, поранешниот дечко ја обвини дека е спонзоруша – Што знаеме за Надја Фереира?

Спирова С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Марк Ентони (57) го очекува 8-то дете – неговата 30 години помлада сопруга е бремена вторпат „Среќна трета годишнина. Маркито ќе биде големо братче“ – Марк Ентони и неговата...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...

Најчитани неделава