Пејачката Шер најмила луѓе да го киднапираат син ѝ – бил зависен од хероин, не сакал да оди на рехабилитација
Моментално синот на Шер е на рехабилитација, а се претпоставува дека пејачката го киднапирала за да го спаси.
Во шесте месеци што ги поминал во хотелот, речиси постојано бил под дејство на дрога.
Наводно, вработените биле загрижени и честопати пробувале да стапат во контакт со Шер за да ја известат за состојбата на син ѝ.
„Скоро секое утро и попладне Илајџа беше пред хотелот – или седеше на тротоарот или се навалуваше на ѕидот. Пушеше цигара и додека да ја завршеше, изгледаше како да изгубил свест.
Секогаш изгледаше како да е под некакво дејство. Беше неуреден, како бездомник кој живее на улиците“.
Хотелот во којшто отседнувал Илајџа
Во септември 2022-ра, околу два месеца пред киднапирањето, Шер најмила личност која ќе внимава на син ѝ додека е во хотелот.
„Мажот што го најми Шер само седеше покрај влезот и гледаше каде ќе оди Илајџа и што ќе прави“.
Инцидентот што го спомнавме претходно се случил на 14-ти септември, и тогаш Шер одлучила дека е време да преземе драстични мерки, односно да го киднапира син ѝ.
Фотка од Илајџа додека отседнувал во хотелот
77-годишната Шер има лош однос со нејзиниот син, но и со неговата поранешна сопруга Мерианџела. Наводно, кога се венчале не го признавала нивниот брак и одбила да им честита.
Кога Илајџа имал осум години, таа го испратила на училиште далеку од дома, а се случувало со години да не зборува со него.
Илајџа, пак, во 2014-та откри дека почнал да користи дрога уште во детството.
„Почнав да користам дрога околу 11-годишна возрат. Тоа беше нешто што го правеа сите“.
На почетокот користел марихуана и екстази, пред да почне да користи дрога како хероин.
„Само барав начин да избегам од моето минато – тоа се моментите кога посегнувате по такви дроги, како хероин и опијати“.
Илајџа изјави дека имало моменти кога речиси умрел од прекумерно користење дрога.
Шер се нема огласено за киднапирањето на синот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





