Го нарекуваат „кралот на Сиднеј“, 30 години чекаше да го замени татко му - Како Лаклан Мурдок стигна до челната позиција на FOX?

Само две седмици откако го прослави својот 52-ри роденден Лаклан Мурдок го замени татко му Руперт на претседателската позиција на News Corp, по 30 години трпеливо чекање. Оженет е за една од најубавите Австралијки, со која 24 години живее во складен брак. Што знаеме за новиот сопственик на корпорацијата FOX?

go-narekuvaat-kralot-na-sidnej-30-godini-chekashe-da-go-zameni-tatko-mu-kako-laklan-murdok-stigna-do-chelnata-pozicija-na-fox-01.jpg

На 21-ви септември годинава медиумскиот могул Руперт Мурдок најави дека се пензионира на 92 години од кормилото на News Corp и на неговото место го назначи синот Лаклан, кој чекаше повеќе од 30 години да седне во фотелјата на неговиот татко.

Семејството Мурдок, отсекогаш привлекувало внимание, како едно од најмоќните семејства во светот, кои како сопственици на голем број влијателни медиуми и весници со децении директно влијаат врз креирањето на јавното мислење.

go-narekuvaat-kralot-na-sidnej-30-godini-chekashe-da-go-zameni-tatko-mu-kako-laklan-murdok-stigna-do-chelnata-pozicija-na-fox-02.jpg

Руперт има вкупно 7 деца, но за свои главни наследници ги планираше децата од неговиот втор брак со Ана де Пејстер - Џејмс Мурдок, Елизабет Мурдок и Лаклан Мурдок, а низ текот на годините, таткото се обидувал да ги сврти сопствените деца еден против друг, со цел да ги направи побезмилосни во бизнисот.

Конечно, годинава, тој одлучи да се повлече, а кормилото му го предаде на најстариот син Лаклан.

go-narekuvaat-kralot-na-sidnej-30-godini-chekashe-da-go-zameni-tatko-mu-kako-laklan-murdok-stigna-do-chelnata-pozicija-na-fox-11.jpg

Што знаеме за човекот кој од неодамна стана претседател на компанијата FOX?

Лаклан e роден во Лондон, на 8-ми септември 1971-ва година, а на 3 години се преселил да живее во САД, откако неговиот татко станал сопственик на New York Post.

Иако бил син на медиумски могул и новинарка. Лаклан избрал да студира филозофија, па дипломирал во 1994-та година, на возраст од 23 години.

go-narekuvaat-kralot-na-sidnej-30-godini-chekashe-da-go-zameni-tatko-mu-kako-laklan-murdok-stigna-do-chelnata-pozicija-na-fox-03.jpg

Интересно е тоа што Лаклан се вклучил во работата на семејниот бизнис, на возраст од само 18 години, кога почнал да работи како приправник во Daily Mirror, а на 22 години бил одговорен за првиот весник во Австралија.

go-narekuvaat-kralot-na-sidnej-30-godini-chekashe-da-go-zameni-tatko-mu-kako-laklan-murdok-stigna-do-chelnata-pozicija-na-fox-06.jpg

Една година подоцна, во 1996-та година тој го основал првиот национален весник во Австралија, The Australian, а до 2005-та година станало јасно дека го подготвуваат да застане на чело на компанијата, откако беше одговорен за повеќе франшизи на FOX TV, па и за New York Post.

go-narekuvaat-kralot-na-sidnej-30-godini-chekashe-da-go-zameni-tatko-mu-kako-laklan-murdok-stigna-do-chelnata-pozicija-na-fox-05.jpg

Лаклан денес гордо го носи епитетот „Карл на Сиднеј“, а се верува дека неговото лично богатство изнесува околу 2,2 милијарди американски долари.

go-narekuvaat-kralot-na-sidnej-30-godini-chekashe-da-go-zameni-tatko-mu-kako-laklan-murdok-stigna-do-chelnata-pozicija-na-fox-08.jpg

Но, поради големиот број тензии што настанале помеѓу челните личности во компанијата, со брат му Џејмс и татко му, Лаклан одлучи да се повлече од бизнисот и да започне своја компанија во Австралија.

go-narekuvaat-kralot-na-sidnej-30-godini-chekashe-da-go-zameni-tatko-mu-kako-laklan-murdok-stigna-do-chelnata-pozicija-na-fox-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
На 92 години менува девојки, има 6 деца од 3 жени – Бурниот љубовен живот на милијардерот Руперт Мур... И во 10-тата деценија од животот, Руперт Мурдок раскинува свршувачки и си наоѓа ...
„Разговарав со татко ми кој е починат, како сфатив дека не е измама?“ - Ким Кардашијан со необична и... „Кој би можел да знае такво нешто? За тоа не сме зборувале во шоуто. Тоа никогаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg