„Моето ангелче е здраво, само има голем мозок“ – Парис Хилтон гневна за грдите коментари за изгледот на нејзиното бебе

„Секако дека го однесов на лекар бебето. Тешко ми е да прифатам дека има луѓе во светот, што би ставиле на мета толку невино суштество“ – им одговори Парис Хилтон на загрижените фанови, кои сами се обидоа да постават дијагноза за нејзиното бебе, откако забележаа дека тоа има необичен облик на главата.

moeto-angelche-e-zdravo-samo-ima-golem-mozok-paris-hilton-gnevna-za-grdite-komentari-za-izgledot-na-nejzinoto-bebe-01.jpg

Минатата недела Парис Хилтон (42) објави повеќе фотографии од нејзиниот син Феникс за време на неговото прво патување во Њујорк. Но, очигледно, богатата наследничка не очекувала дека ќе добие толку грди коментари за изгледот на нејзиниот 9-месечен син.

391685935_18407960224047688_4411703721636327291_n.jpg

Голем број од нејзините следбеници коментираа за необичниот изглед на главата на бебето и секако, дадоа најразлични дијагнози.

„Изгледа како да има некоја форма на краниосиностоза (неправилно спојување на коските на черепот), се надевам дека сте го провериле тоа“;

„Ова убаво бебе како да има возпаление на мозокот. Ве молам однесете го бебето на педијатар“;

„Макроцефалија, мојот мал братучед имаше операција и сега изгледа нормално“;

„Дали има енцефалитис? Што се случува, не сакам да бидам некултурна, но ова не ми изгледа нормално“ – стои во дел од коментарите.

391684740_18407960203047688_5825823657252941919_n.jpg

По овие коментари Парис одлучи дека веќе ѝ е доста, па одговори:

„Навистина има болни луѓе во светов. Моето бебе е совршено здраво. И да, секако дека го однесов на лекар, а има само голем мозок“ – појасни таа.

375460209_18399729439047688_8435116411618670798_n.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава