Џастин ѝ раскинал преку СМС порака, се согласувала да ја врзуваат за болнички кревет – Што сè откри Бритни Спирс во книгата?
Поради старателството, се чувствувала како „дете-робот“
Очекувано, Бритни се отвори за 13-годишното старателство, изјавувајќи дека татко ѝ го контролирал нејзиното тело, но и нејзините пари.
Таа вели и дека кога ќе се сети на тој период, сега ѝ се гади.
„Станав робот. Како некаков дете-робот. Ме третираа како дете до тој степен, што почнав да ги губам деловите од мене кои правеа да се чувствувам своја. Поминаа 13 години во кои се чувствував како сенка од мене.
Сега размислувам за тоа како татко ми и неговите соработници имаа контрола врз моето тело и моите пари и ми се гади од тоа. Не го заслужив она што ми го направи семејството“.
За потсетување, татко ѝ ја контролирал секоја ситница што ја купувала – вклучувајќи и обично кафе од Starbucks, а притоа ја терал да користи средства за контрацепција и ја присилувал да пие лекови.
Се откажала од слободата за да може да ги гледа своите деца
Во книгата, Бритни вели дека се откажала од својата слобода додека траело старателството, само со надеж дека ќе може да ги гледа своите деца.
Откако Кевин Федерлајн добил целосно старателство во 2008-ма, Бритни се согласила да биде „затворена“ и да ѝ прават психолошки процени за да може понекогаш да ги гледа.
„Мојата слобода во замена со дремки со моите деца – тоа беше нешто на коешто бев подготвена. Ми се оствари сонот со тоа што станав мајка.
Откако ме ставија на болнички кревет, знаев дека ќе можат да ми го врзуваат телото кога и да сакаат. И, јас се согласував со тоа“.
Била спречена да зборува за пеколот низ којшто минувала
Бритни вели дека во 2016 година додека гостувала во шоуто на Џонатан Рос, се обидела да зборува за старателството и тортурата што ја трпи.
„Го спомнав старателството во шоуто во 2016-та, но некако тој дел од интервјуто воопшто не се појави на телевизија. Колку интересно…“
Се плашела од змијата за време на легендарниот настап на MTV VMА
Нема некој кој не се сеќава на настапот на Бритни со огромниот питон на доделувањето на MTV Video Music Awards во 2001-ва.
Но, пејачката вели дека била преплашена.
Змијата била преблиску до нејзиното лице и ѝ се чинело дека ќе ја нападне.
„Тоа стана легендарен момент во историјата на MTV VMA, но беше пострашно отколку што изгледаше. Само внимавав да гледам надолу бидејќи мислев дека ако ја погледнам во очи, ќе ме убие“.
Спирова С. | Црнобело