Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хит видео од Ким Кардашијан со подзината уста откако беше нападната од мачката на Карл Лагерфелд

„Карл Лагерфелд се превртува во гробот“ – стои во еден од коментарите до видеото на кое се гледа како Ким Кардашијан упорно се обидува да ја освои мачката на Карл Лагерфелд, сѐ до оној миг додека миленичето не скокна за да ја изгребе на лицето.

hit-video-od-kim-kardashijan-so-podzinata-usta-otkako-beshe-napadnata-od-machkata-na-karl-lagerfeld-01.jpg

На сите им е познато дека Ким Кардашијан долго време се подготвува за нејзините појавувања на Мет Гала, а сега откри дека имала таен план за овогодинешниот настан којшто беше со тема Карл Лагерфелд.

hit-video-od-kim-kardashijan-so-podzinata-usta-otkako-beshe-napadnata-od-machkata-na-karl-lagerfeld-02.jpg

Ким беше топ тема затоа што на настанот се појави во тоалета изработена од бисери, што почна да се распаѓа до крајот на вечерта, а сега во последната епизода на реалното шоу The Kardashians, таа откри дека сакала да ја земе мачката на познатиот дизајнер, Шупет, како партнер на настанот.

hit-video-od-kim-kardashijan-so-podzinata-usta-otkako-beshe-napadnata-od-machkata-na-karl-lagerfeld-03.jpg

Но, како што може да се види од објавеното видео, средбата не поминала без проблем.

Мачката која стана наследничка на богатството oд 1.5 милиони долари на Лагерфелд воопшто не сакала ниту да ѝ се приближи на Ким.

hit-video-od-kim-kardashijan-so-podzinata-usta-otkako-beshe-napadnata-od-machkata-na-karl-lagerfeld-04.jpg

Од самиот почеток на средбата Шупет се држи настрана и ‘ржи додека Ким се обидува да се запознае со неа и да се зближи.

„Те молам немој да ме гризнеш“ – ѝ вели Ким на мачката.

На крај се гледа како Ким дури се осмели и да ја земе мачката во раце, но ниту тоа не помина добро затоа што мачката сакала да скокне и да ја гребне на лицето.

hit-video-od-kim-kardashijan-so-podzinata-usta-otkako-beshe-napadnata-od-machkata-na-karl-lagerfeld-05.jpg

По оваа кратка средба Ким морала да одлучи дека нема да може да оди заедно со Шупет на настанот и сепак ќе мора да оди сама.

Видеото привлече голем број коментари на социјалните мрежи, во кои Ким доби критики:

„Мачката изгледа мизерно покрај неа. Лагерфелд се превртува во гробот“;

„Подобро беше ова да остане тајна и сите да мислат дека само лажела дека сака да ја донесе мачката на Карл на настанот“;

„Сакаше да ја носи како аксесоар на настанот, навистина ја претера овојпат“ – стои во дел од кометарите.

hit-video-od-kim-kardashijan-so-podzinata-usta-otkako-beshe-napadnata-od-machkata-na-karl-lagerfeld-06.jpg

Погледнете го видеото од средбата на Ким и Шупет:

Прочитајте и Ким Кардашијан со 50.000 бисери, Ријана со венчаница и огромна наметка со 3Д цветови – Што носеа ѕвездите на Мет Гала 2023? (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Се прослави со Нетфликс серија, беше жртва на онлајн булинг: Која е корејската актерка која изврши с... Ким Сае-рон од Јужна Кореја важеше за надежна актерка и на само 24 години веќе с...
Пијана се валка на подот, Меколи Калкин ја снима: Ким Кардашијан критикувана за бизарното празнично ... „Мислам дека ќе умрам за 7 дена откако ќе го изгледам видеото (како во The Ring)...
Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога Бракот на Ким кој траеше 72 дена, како и врската на Кортни Кардашијан со основач...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на тат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg