Помалку познати детали од животот на Рис Витерспун: Била сексуално нападната на 16 години, беше уапсена

Води битка со депресија и анксиозност

Сè почесто познатите личности ги споделуваат нивните проблеми со менталното здравје со цел да ја тргнат стигмата.

Една од нив е и Рис Витерспун која има изјавено дека целиот живот водела битка и со анксиозност, и со депресија.

pomalku-poznati-detali-od-zhivotot-na-ris-viterspun-bila-seksualno-napadnata-na-16-godini-beshe-uapsena-06.jpg

„Мислам дека имав 16 години кога почнав со терапија. Имав анксиозност. Анксиозноста, пак, ми се манифестираше како депресија и бев многу депресивна. Дефинитивно имав моменти кога не бев при себе.

Се случувало да плачам на подот во кујната, а моите деца да ми ги донесат нивните играчки и да пробуваат да ме утешат“, изјави таа во интервју.

pomalku-poznati-detali-od-zhivotot-na-ris-viterspun-bila-seksualno-napadnata-na-16-godini-beshe-uapsena-07.jpg

Бурен развод

Во 1999 година, Рис Витерспун стапи во брак со Рајан Филипе и набрзо станаа најпопуларниот пар во Холивуд.

Во 2003-та добија син, но во 2006-та открија дека се разделуваат.

Тогаш се јавија шпекулации дека Рајан ја изневерувал актерката, но тој го негираше ова.

pomalku-poznati-detali-od-zhivotot-na-ris-viterspun-bila-seksualno-napadnata-na-16-godini-beshe-uapsena-08.jpg

Рис ретко зборува за разводот, но има изјавено дека и двајцата биле премногу млади – немаа ни 26 години.

Истовремено, актерката се соочуваше со напади и злобни коментари во јавноста, но и од некои медиуми и вели дека ѝ било особено тешко што немала никаква контрола.

Денес таа и бившиот се во доби односи поради нивните деца.

pomalku-poznati-detali-od-zhivotot-na-ris-viterspun-bila-seksualno-napadnata-na-16-godini-beshe-uapsena-09.jpg

Во 2013-та беше уапсена

Во 2013 година, актерката беше уапсена со нејзиниот тогашен сопруг – Џим Тот.

А, видеото од апсењето брзо стана вирално бидејќи како што полицаецот ѝ става лисици на рацете, актерката почнува да го прашува дали знаел која е.

pomalku-poznati-detali-od-zhivotot-na-ris-viterspun-bila-seksualno-napadnata-na-16-godini-beshe-uapsena-10.jpg

Парот бил застанат бидејќи сопругот на актерката бил под дејство на алкохол.

Подоцна Рис изјави дека штом видеото се појавило во јавност, почувствувала огромен срам, а вели и дека тоа е најглупавото нешто што го направила.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...

Најчитани неделава