Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови

Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познати личности кои покрај фановите, имаат и многу, многу хејтери?

poznati-lichnosti-koi-imaat-povekje-hejteri-otkolku-fanovi-01.jpg

Најпознатите личности во светот честопати имаат и најмногу хејтери.

Овие луѓе секогаш се „под лупа“ од јавноста, па дури и најмалата грешка од нивна страна може да предизвика лавина негативни реакции.

Дел од познатите личности кои се најомразени на социјалните мрежи:

Кендал Џенер

Сестрите од кланот Кардашијан-Џенер имаат многу фанови, но и исто толку хејтери.

Иако Кендал е сестрата која најмногу се држи настрана од јавноста, таа се има соочено и со најмногу критики.

Во 2021-ва, Кендал лансира свој бренд за текила, по што беше критикувана за културно присвојување.

Претходно, таа се појави во контроверзна реклама за Pepsi со која го банализира движењето Black Lives Matter.

Ова се само дел од пропустите на Кендал, но и покрај критиките, таа несомнено има армија фанови.

poznati-lichnosti-koi-imaat-povekje-hejteri-otkolku-fanovi-02.jpg

Дрејк

Дрејк е еден од најпопуларните музичари, но во приватниот живот има направено неколку пропусти.

Во 2018-та, пејачот беше критикуван бидејќи се допишувал со актерката Мили Боби Браун која тогаш беше малолетна.

Наводно, тие разговарале за „момчиња“ – тема која дефинитивно не е соодветна за малолетна девојка и возрасен маж.

Претходно, во 2018-та, се откри дека Дрејк имал и тајно дете со порно актерка, а беше обвинуван за сексуално вознемирување, учествувал во тепачки и наводно се мешал во бракот на Ким Кардашијан и Канје Вест.

Листата со скандали на Дрејк е долга, па не е ни чудно што честопати е мета на критики онлајн.

poznati-lichnosti-koi-imaat-povekje-hejteri-otkolku-fanovi-03.jpg

Скот Дисик

Скот Дисик е познат само затоа што е поранешен партнер на Кортни Кардашијан.

А, се чини дека е најомразениот лик од реалното шоу на богатото семејство.

На интернет честопати се дискутира за ужасниот однос на Скот кон помошниците во неговиот дом. Притоа, ја има наречено Кортни „дебела“, се допишуваше со други жени додека беше со неа, но и ја изневеруваше.

Овде се и врските со многу помлади девојки.

Низ годините, Скот дефинтивно стана една од најомразените познати личности.

poznati-lichnosti-koi-imaat-povekje-hejteri-otkolku-fanovi-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јаков Јозиновиќ и уште 4 познати мажи кои се докажани кавалери (и 2 што не се воопшто) Колегата на Марко Роби пробува со раце да ја заштити од дождот, Јаков Јозиновиќ ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки Елен Де Џенерис беше обвинета за расизам и омаловажување на вработените во шоуто...
Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар: Џастин Бибер им бил „стројник“, безуспешно пробув... Кендал Џенер и Џејкоб Елроди почнале да се гледаат уште во февруари, а Крис Џене...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...

Најчитани неделава