Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бившата девојка ја запознал кога имала 10 години – Мрачните тајни на Леонардо ди Каприо

Организирал аукции за познати сексуални престапници, го отфрлил полубратот затоа што е зависник од дроги, а поранешната девојка Камила Морон ја запознал кога таа имала само 10 години – Кои мрачни тајни Леонардо ди Каприо се труди да ги скрие од јавноста?

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-01.jpg

Леонардо ди Каприо (49) е еден од најпознатите актери на денешницата, кој важи за еден од најповлечените познати личности, кој својата приватност успева да ја сочува подалеку од очите на јавноста.

За него речиси никој досега да нема да каже нешто лошо, а поранешните вработени имаат само пофални зборови, во кои опишуваат колку тој е весел, забавен, позитивен, добродушен…

Но, со текот на годините, актерот повеќепати бил вклучен во скандали и озборувања кои укажуваат дека и тој како и другите има своја мрачна страна, што успешно ја крие од светот.

Во продолжение неколку мрачни факти за еден од најпознатите актери нa денешницата:

Не сака врски со девојки постари од 25 години - последната девојка ја запознал кога имала само 10 години

Според тврдењата, Леонардо им раскинува на девојките штом наполнат 25 години, а потоа веднаш се префрла на друг помлад модел.

Во прилог на ова тврдење одеше и фактот што актерот ѝ раскина на неговата последна девојка Камила Морон само неколку месеци откако таа наполни 25 години.

Камила е ќерка на поранешната девојка на Ал Пачино, Лусил Сола, а таа го запознала Лео кога тој имал 30, а таа само 10 години. Сепак, врската ја започнале дури откако таа наполнила 20 години, а Лео бил редовен гостин во нивниот дом и ја гледал како расте.

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-02.jpg

Неговата огромна грижа за животната средина е лага

Во јавноста Лео често се вклучува во акциите и програмите за заштита на животната средина, но според голем број познавачи на тематиката, Лео е лицемерен, затоа што редовно патува со приватен авион, кој загадува, а исто така се забавувал и на сите светски најголеми јахти, кои исто така ја загадуваат животната средина.

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-06.jpg

Постои контроверзен необјавен филм за него

Во 90-тите години, Лео заедно со неговиот другар Тоби Мегвајер снимиле Инди филм, во кој репликите во голема мера се импровизирани.

Филмот не е објавен затоа што не им се допаднало како се прикажани внатре. Според некои пишувања, во филмот Лео има шовинистички ставови и ги навредува жените.

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-08.jpg

Новинарка тврди дека ѝ барал сексуални услуги во замена за интервју

Новинарката Ненси Џо Сејлс тврди дека добила непристоен предлог од Лео кога сакала да направи интервју со него.

Во периодот кога Лео бил на врвот на славата заради филмот „Titanic“, Ненси барала начин да стапи во контакт со него, но вели дека добила непристојна порака по телефон и тврди:

„Тој што зборуваше ми рече дека ако сакам да направам интервју со него, ќе треба да се договорам да направам нешто слично како што Моника (Левински) направила за Бил (Клинтон), па можеби тогаш ќе разговараме“.

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg