Гласини дека имала компликации заради булимија – Кејт Мидлтон пуштена од болница по 2 недели

„Се верува дека на Кејт морало итно да ѝ биде направена операција заради оштетувањата на дигестивниот систем“. Ова е една од гласините што се шират за британската идна кралица, додека кралското семејство максимално се труди да ја зачува нејзината здравствена состојба во тајност.

glasini-deka-imala-komplikacii-zaradi-bulimija-kejt-midlton-pushtena-od-bolnica-a-nejzinata-zdravstvena-sostojba-se-chuva-vo-tajnost-01.jpg

Идната британска кралица Кејт Мидлтон (42) деновиве беше пуштена од болница, по 14 дена поминати таму.

Кенсингтонската палата објави кратко соопштение во кое нагласи дека принцезата од Велс се вратила дома во Виндзор, каде што ќе продолжи да закрепнува од операцијата.

„Принцот и принцезата искажуваат голема благодарност до целиот тим на Клиниката во Лондон, посебно до медицинските сестри кои се грижеа за неа.

Семејството е благодарно за позитивните пораки што до нив пристигнаа од целиот свет“ – се вели накратко во соопштението.

Се знае дека на Кејт ѝ била направена операција на абдоменот и дека станува збор за комплициран хируршки зафат, заради кој таа нема да може да им се врати на работните должности сè до Велигден.

Кралското семејство во моментов не соопштува детали за здравствената состојба на Кејт, па тоа остава простор за шпекулации и гласини.

glasini-deka-imala-komplikacii-zaradi-bulimija-kejt-midlton-pushtena-od-bolnica-a-nejzinata-zdravstvena-sostojba-se-chuva-vo-tajnost-02.jpg

Според пластичниот хирург Рајан Најнштајн, многу е веројатно Кејт да била на операција за отстранување на вишокот кожа во пределот на стомакот.

Лекарот вели дека оваа операција е многу барана во Њујорк, каде што тој работи, а најчесто со неа се отстрануваат последиците предизвикани од бременост, како испуштена кожа, оштетени мускули, насобрани масти и спуштени гради.

glasini-deka-imala-komplikacii-zaradi-bulimija-kejt-midlton-pushtena-od-bolnica-a-nejzinata-zdravstvena-sostojba-se-chuva-vo-tajnost-06.jpg

Според други, пак, поради долгиот период на заздравување, може да се претпостави дека Кејт имала и хистеректомија, односно отстранување на матката.

Tрети шпекулираат дека најверојатно Кејт морала да оди на фундопликација по Ниссен, односно хируршки зафат во абдоменот кој се прави со цел да се запре враќањето на киселините низ хранопроводот.

glasini-deka-imala-komplikacii-zaradi-bulimija-kejt-midlton-pushtena-od-bolnica-a-nejzinata-zdravstvena-sostojba-se-chuva-vo-tajnost-05.jpg

Според едни, оваа состојба кај Кејт може да биде предизвикана од трите тешки бремености во кои таа имаше синдром на упорно повраќање, а според други, тоа е последица на тоа што идната кралица со години има проблеми со нарушувања во исхраната.

glasini-deka-imala-komplikacii-zaradi-bulimija-kejt-midlton-pushtena-od-bolnica-a-nejzinata-zdravstvena-sostojba-se-chuva-vo-tajnost-07.jpg

Со години наназад, се шпекулира дека Кејт страда од булимија, а медиумите, повикувајќи се на извори блиски до парот, пишуваат дека ова е мошне деликатна тема за Вилијам и му пречи кога се поставуваат прашања за нарушувањата во исхраната на Кејт, затоа што е познато дека и неговата мајка страдаше од истото нарушување.

„Секако дека е загрижен за тоа што мислат другите луѓе, но истовремено ова е чувствителна тема за него, имајќи предвид низ што помина мајка му“ – велат добро упатените извори.

glasini-deka-imala-komplikacii-zaradi-bulimija-kejt-midlton-pushtena-od-bolnica-a-nejzinata-zdravstvena-sostojba-se-chuva-vo-tajnost-04.jpg

Во моментов Вилијам се труди максимално да ги преземе обврските на неговата сопруга и да биде тука за нивните три деца, но многу е веројатно дека нема да има официјално соопштение за здравствената состојба на Кејт, а тоа и натаму ќе остави простор за ширење гласини и шпекулации.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...

Најчитани неделава