Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје

Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист, а наводно се криеле поради Канје. Ова го тврдат извори блиски до ријалити ѕвездата која самата уште ја нема потврдено веста.

kim-kardashijan-e-vo-tajna-vrska-so-poznat-ragbist-se-krijat-poradi-kanje-01.jpg

Ким Кардашијан има нов дечко - рагби ѕвездата Одел Бекам Џуниор.

Тие се наводно во врска од крајот на летото 2023-та, но се кријат бидејќи не знаат како ќе реагира Канје Вест, пишува Daily Mail.

Ким (43) и 12-години помладиот Одел се заедно околу половина година.

За нивната врска се шпекулираше уште лани во септември, но тие тогаш не ги коментираа јавно пишувањата на светските медиуми.

Сега, наводно, ни таа ни тој не се гледаат со други луѓе, туку ексклузивно само еден со друг и подготвени се да ја обелоденат својата љубов и јавно.

Според Daily Mail, Ким и Одел не сакале да се знае јавно за нивната врска за да ги избегнат реакциите од поранешниот сопруг на Ким, Канје Вест, со кого таа има четири деца.

Канје во минатото неколкупати зборуваше за врската на Ким со комичарот Пит Дејвидсон, и тоа секогаш беа негативни коментари на сметка на двајцата.

Одел, пак, долги години беше во врска со Лорин Вуд, со која има двегодишен син, но врската ја прекинал лани во септември.

Ова е причина плус што Ким не сакала да се знае дека се заедно, од страв дека во јавноста може да ја осудат дека е виновна за нивното раскинување.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности „Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што д...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...

Најчитани неделава